HVL-LE1
HVL-LE1 Видео светло
LED видео светло за Handycam® или SLT / DSLR фото апарат
- Моќно осветлување за снимање на видео записи
- Прилагодливо ниво на осветлување
- Се прикачуваат на приклучокот за галантерија на видео камерите/фото апаратите

Природни светлосни ефекти на едноставен начин
Направете прекрасни светлосни ефекти кои ќе одговараат за вашата сцена. Природната температура на боите од низата на LED диоди овозможува прецизно имитирање на сончевата светлина. Или, пак, вклучете го филтерот за конверзија на бои за да добиете топли тонови на кожата во затворени простории.

Поголем избор на батерии
Уживајте во изборот на практични извори на напојување. Користете достапни Ni-MH батерии на полнење или алкални AA батерии. Или, пак, зголемете го времето на снимање со серијата M или серијата V на InfoLITHIUM батерии на полнење со висок капацитет (до 6 часа со NP-FV100).

Функционираат со голем избор на фото апарати
Двата испорачани адаптери за приклучок овозможуваат компатибилност со моделите од серијата NEX VG на Handycam®, фото апаратите α SLT/DSLR и други брендови на фото апарати со приклучок за галантерија.

Прилагодлив агол
Навалете го светлото нагоре или надолу или, пак, завртете го странично под кој било агол. Ќе можете брзо и лесно да создадете голем избор на директни и индиректни светлосни ефекти.




