HVL-F58AM
F58AM Блиц / лампа
Надворешен блиц

Блиц со голема излезна моќност
Почувствувајте ја моќта со повисоко ниво на излезна моќност за осветлување на објектите кои се далеку од фото апаратот. Проширете ги вашите креативни можности со ознаката за голема моќност GN58 која овозможува нанесување на повеќе светлина врз лицата за кои правите портрет, ентериерите и композициите во студијата.

Одлични резултати во секоја положба
Одржувајте ги позициите на сенките непроменети, без разлика дали снимате во хоризонтална или вертикална позиција. Ексклузивно за Sony, системот за брзо исфрлување со поместување ви овозможува префрлување помеѓу различни насоки на фото апаратот во едно непречено движење.

Безжична контрола на блицот
Додавањето на дополнителни извори на светлина овозможува создавање на слики со професионален изглед без нагласени сенки. Активирајте дополнителни надворешни блицови, без кабли или сложени пресметки.

Вградена интелигенција
Овој напреден блиц претставува совршен партнер за вашиот α DSLR/SLT фото апарат. Аголот на осветлување автоматски се усогласува со големината на сензорот на слика од фото апаратот. Информациите од блицот автоматски ги прилагодуваат поставувањата за балансот на белата боја кај фото апаратот за добивање на природни резултати.




