MHS-FS2
Bloggie™ Duo Mobile HD Snap фото апарат
Снимајте прекрасни Full HD видео снимки и фотографии, а потоа вчитајте ги за неколку секунди
1920x1080 Full HD, 5.1MP, 4GB, USB приклучок и софтвер за споделување, два LCD екрани, HDMI®
- Забавно, едноставно и лесно снимање на Full HD видео и фотографии
- Брзо и едноставно вчитување на интернет со вградениот USB приклучок
- Втор LCD екран за едноставни автопортрети
Пренесете го вашиот живот на интернет во HD
Елегантен, разнобоен bloggie™ Duo кој снима детални фотографии и блескави HD видео снимки со звук за едноставно споделување на интернет. Само насочете и снимајте, а потоа поврзете го на PC и вчитајте ги вашите спомени на веб-страниците за споделување како YouTube™.

Снимајте го животот во Full HD
Не пропуштајте ги забавните моменти во животот, без разлика што правите. Притиснете го копчето за Видео и bloggie™ ќе сними реалистични Full HD (1920x1080) видео записи. Или, пак, допрете го посебното копче за бленда и снимете детални фотографии. Тоа е сè.

Фотографирајте, поврзете се и споделете
Без USB кабли, без инсталирање на CD-ROM дискови, без мака. Поврзете го bloggie™ со вашиот компјутер преку неговиот вграден USB приклучок. Вградениот софтвер за споделување го забрзува и олеснува вчитувањето на фотографии и видео записи на популарните интернет страници како Facebook® и YouTube™.

Снимајте веднаш, споделувајте подоцна
bloggie™ овозможува повеќе да се забавувате додека сте излезени. Тој ви нуди брзо и лесно означување на омилените видео записи и фотографии преку LCD екранот додека фотографирате. Кога ќе се вратите дома можете да ги вчитате избраните фотографии на интернет.

Поинтелигентни автопортрети
Снимањето на совршено обликувани автопортрети никогаш не било полесно. Споредниот LCD екран прикажува што има во сцената кога го држите фото апаратот со испружена рака, додека вградената LED светилка ја осветлува вашата слика, во затворени простории или навечер.

Доловете ја возбудата, каде и да сте
Лесен, разнобоен и практиечен за носење, bloggie™ лесно може да се смести во џеб или торба. Снимањето на сите возбудливи моменти никогаш не било полесно... без разлика каде и кога се случуваат.




