Модел: 

MHS-TS20K

bloggie™ touch Mobile HD Snap фото апарат

Снимајте прекрасни фотографии и Full HD видео снимки, а потоа вчитајте ги за неколку секунди

12.8MP фот., Full HD, 360 видео, 8GB, USB прикл.и софт.за сподел., екран на допир од 7,6см/3", HDMI®

  • Забавно, едноставно и лесно снимање на Full HD видео и фотографии
  • Брзо и едноставно вчитување на интернет со вградениот USB приклучок
  • Снимајте неверојатни видео панорами од 360 степени

Пренесете го вашиот живот на интернет во HD

Елегантен, разнобоен bloggie™ touch кој снима детални фотографии со 12.8 ефективни милиони точки и блескави HD видео снимки со звук за едноставно споделување на интернет. Само насочете и снимајте, а потоа поврзете го на PC и вчитајте ги вашите спомени на веб-страниците за споделување како YouTube™.

 

Снимајте го животот во HD

Едноставно насочете и снимајте Full HD 1080/30p видео или детални фотографии со 12.8 милиони точки при хоризонтално или вертикално снимање во слободен стил со притиснување на едно копче. bloggie™ touch ги снима забавните моменти од животот со неверојатни детали, без разлика што правите.

Интуитивен екран на допир

bloggie™, кој е неверојатно едноставен за користење, се одликува со голем и прекрасен екран на допир со кој може да уживате при прегледувањето на вашите фотографии и видео записи. Разгледувајте ги вашите слики на широкиот LCD екран - не може да биде полесно од ова.

Вашиот живот. Пренесен на интернет

Без USB кабли, без инсталирање на CD-ROM дискови, без мака. Благодарение на вградениот USB приклучок, треба само да го приклучите bloggie™ на еден од USB приклучоците на вашиот PC. Вградениот софтвер за споделување ви помага да вчитате фотографии и видео записи на популарните веб-страници како Facebook и YouTube™.

Снимајте веднаш, споделувајте подоцна

bloggie™ овозможува повеќе да се забавувате додека сте излезени. Тој ви нуди брзо и лесно означување на омилените фотографии и видео записи преку екранот на допир додека фотографирате. Кога ќе се вратите дома можете да ги вчитате избраните фотографии на интернет за само неколку моменти.

Насекаде околу вас

Добијте целосна слика за сè што се случува. Прикачете го испорачаниот објектив за 360 видео и снимете неверојатни сенаменски видео панорами со исклучителни детали - дури и при слаба осветленост. Ова е сосема нов начин на гледање на светот од секој агол.

Повеќе информации за MHS-TS20K

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста