ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

MHS-PM5K

bloggie™ PM5K Mobile HD Snap фото апарат

Пренесете го вашиот живот на интернет во HD

5MP фотогр., 1920x1080 Full HD, вртлив објектив, 360 видео, USB и софтвер за споделување, 6.1см LCD

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Забавно снимање на Full HD видео и фотографии
  • Брзо и едноставно вчитување на интернет со вградениот USB приклучок
  • Ротирачки објектив за снимање видео или фотографии од секој агол

Забавувајте се споделувајќи го животот во Full HD

Не е важно каде се наоѓате и што правите. Снимете ги сите неверојатни доживувања додека се случуваат и споделете ги преку интернет со само неколку кликнувања. Снимајте остри и детални фотографии и извонредни 1080HD видео записи. Сосема е едноставно… и многу забавно

 

Снимајте го животот во HD

Едноставно насочете и снимајте Full HD 1080/30p видео со притиснување на копче на вашиот bloggie™. Снимајте ги забавните моменти од животот во High Definition со неверојатни детали.

Дознајте повеќе за HD снимањето

Снимајте од секаков агол

Забавно е да снимате слики или видео записи од вас. Но, не може да видите што има на екранот кога го држите фото апаратот со испружена рака. Вртливиот објектив ротира 270 степени, овозможувајќи ви комфорно да ги обликувате кадрите од кој било агол.

Слики со кои ќе се гордеете

Не дозволувајте да ве залаже неговиот забавен и современ изглед. bloggie™ се одликува со корисни функции кои ќе ви помогнат да добиете подобри слики. SteadyShot го намалува тресењето на апаратот при рачното фотографирање, додека функцијата за откривање на лице фино го прилагодува поставувањето на фото апаратот за добивање јасни, привлечни портрети.

Вашиот живот. преснимен на интернет

Тоа е едноставен начин за ажурирање на вашиот блог или за огласување на веб-сајтовите за споделување додека патувате. Едноставно насочете и снимајте: потоа поврзете го bloggie™ на кој било PC или Mac® и преснимете ги забавните и спонтани моменти од животот користејќи го вградениот PMB Portable софтвер.

Дознајте повеќе за преснимување на интернет

Насекаде околу вас

Снимајте неверојатни 360 видео снимки кои прикажуваат што се случува околу вас. Само прикачете го испорачаниот 360 видео објектив и може да вчитувате видео снимки на вашиот PC со испорачаниот PMB софтвер. Ова е сосема нов начин на гледање на светот од секој агол.

Дознајте повеќе за 360 видео

Повеќе информации за MHS-PM5K

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста