MHS-FS3
Bloggie™ 3D Mobile HD Snap фото апарат
Првиот* HD 3D џебен фото апарат во светот
1920x1080 Full HD, 3D видео, 5,1MP, 8GB, USB приклучок и софтвер за споделување, 3D LCD
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Снимајте неверојатни 3D видео снимки со стерео звук
- Брзо и едноставно вчитување на интернет со вградениот USB приклучок
- Вграден софтвер за забавно и едноставно споделување
- * Дигитален фото апарат за широка потрошувачка со MP4 формат и можност за снимање на вертикална резолуција од 1080
Пренесете го вашиот живот на интернет во 3D
Елегантен, разнобоен Bloggie™ кој снима неверојатни HD видео записи и фотографии во 3D. Само насочете и снимајте, а потоа поврзете го на PC и вчитајте ги вашите спомени на веб-страниците за споделување како YouTube™. Прегледувањето на LCD екранот може да се врши и во 3D - без потреба од специјални очила.

Снимајте го животот во 3D HD
Дали би сакале да додадете дополнителна димензија на специјалните спомени? Освен Full HD (1920x1080) видео записи и детални фотографии, bloggie™ може да снима и прекрасни видео записи и фотографии во 3D. Уживајте додека ги гледате на екранот од фото апаратот или вашиот 3D телевизор.

Фотографирајте, поврзете се и споделете
Без USB кабли, без инсталирање на CD-ROM дискови, без мака. Поврзете го bloggie™ со вашиот компјутер преку неговиот вграден USB приклучок. Вградениот софтвер за споделување го забрзува и олеснува вчитувањето на фотографии и видео записи на популарните интернет страници како Facebook® и YouTube™.

Снимајте веднаш, споделувајте подоцна
bloggie™ овозможува повеќе да се забавувате додека сте излезени. Тој ви нуди брзо и лесно означување на омилените видео записи и фотографии преку LCD екранот додека фотографирате. Кога ќе се вратите дома можете да ги вчитате избраните фотографии на интернет.

Забава без никаков напор
Ова е мобилен HD фото апарат кој одговара на вашиот стил на фотографирање. Држете го bloggie™ со една рака, без разлика дали е во хоризонтална или вертикална положба. Ориентацијата на екранот автоматски ќе се заврти за удобно гледање од секој агол.

Доловете ја возбудата, каде и да сте
Лесен, разнобоен и практиечен за носење, bloggie™ лесно може да се смести во џеб или торба. Снимањето на сите возбудливи моменти никогаш не било полесно... без разлика каде и кога се случуваат.




