MHS-CM5
bloggie™ CM5 Mobile HD Snap фото апарат
Пренесете го вашиот живот на интернет во HD
5MP фотографии, 1920x1080 FullHD видео, 5x опт. зум, вграден USB и софтвер за споделување, 6.4см LCD
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Забавно снимање на видео и фотографии
- Брзо и едноставно вчитување на интернет
- Современ живописен стил
Забавувајте се споделувајќи го животот во Full HD
Не е важно каде се наоѓате и што правите. Снимете ги сите неверојатни доживувања додека се случуваат и споделете ги преку интернет со само неколку кликнувања. Снимајте остри и детални фотографии и извонредни 1080HD видео записи. Сосема е едноставно… и многу забавно

Снимајте го животот во HD
Едноставно насочете и снимајте Full HD 1080/30p видео со притиснување на копче на вашиот bloggie™. Снимајте ги забавните моменти од животот во High Definition со неверојатни детали.

Приближете се до случувањата
Уживајте во доближени портрети и други снимки одблиску со висококвалитетниот објектив со 5x оптички зум. Ќе добиете многу подобри резултати отколку со дигиталниот зум на обичните фото апарати кои често создаваат неприродни резултати со квадратчиња при поставување на повисок зум.

Слики со кои ќе се гордеете
Не дозволувајте да ве залаже неговиот забавен и современ изглед. bloggie™ се одликува со корисни функции кои ќе ви помогнат да добиете подобри слики. SteadyShot го намалува тресењето на апаратот при рачното фотографирање, додека функцијата за откривање на лице фино го прилагодува поставувањето на фото апаратот за добивање јасни, привлечни портрети.

Вашиот живот. преснимен на интернет
Тоа е едноставен начин за ажурирање на вашиот блог или за огласување на веб-сајтовите за споделување додека патувате. Едноставно насочете и снимајте: потоа поврзете го bloggie™ на кој било PC или Mac® и преснимете ги забавните и спонтани моменти од животот користејќи го вградениот PMB Portable софтвер.




