Модел: 

DEV-5

DEV-5 Двоглед за дигитално снимање

Дигитален двоглед со врвен оптички квалитет и снимање на HD видео

20x макс. зголемување, HD, 3D, Exmor R™ CMOS, оптички SteadyShot, двоен електронски визир, HDMI®, GPS

  • Гледајте и снимајте ги оддалечените објекти со HD квалитет
  • Стабилна слика, дури и при големо зголемување
  • Променлив зум и автоматски фокус

Гледајте и снимајте ги оддалечените објекти во HD

Отсега ќе можете да ги гледате и снимате оддалечените објекти како птиците, животот во дивина и спортските сцени во HD видео со неверојатни детали. Одликувајќи се со извонредна оптика и комфорно ракување, овој дигитален двоглед располага со напредни функции како 3D снимање и оптичка стабилизација за појасна слика.

 

Приближете се до вашиот објект

Погледнете ги сите детали кај птиците, животот во дивината, бродовите, авионите, оддалечените обележја или спортските настани. "Прегледајте" голема површина за да го пронајдете вашиот објект: потоа рамномерно зумирајте за да погледнете одблизу со зголемувањето од 20x.

Снимете го тоа што го гледате

Обичните двогледи не ви нудат втора можност за одново да го доживеете посебниот момент. Двогледите за дигитално снимање ја доловуваат зголемената сцена во форма на јасни HD видео снимки или фотографии. Погледнете ги повторно вашите спомени на поврзан HD телевизор или префрлете ги видео записите и фотографиите на вашиот PC.

Почисти, постабилни слики

Поголемото зумирање најчесто предизвикува заматена и нестабилна слика при ракување со двогледот. Оптичкиот SteadyShot со активен режим нуди почист и постабилен приказ на вашиот објект. Тоа е идеално кога со сигурност треба да препознаете птица или авион во далечината.

Снимајте во 3D

Внесете дополнителна димензија на вашиот снимен материјал со можноста за снимање на 3D видео. Гледајте ги возбудливите резултати во HD на вашиот BRAVIA® или кој било друг 3D телевизор.

Променлив зум и автоматски фокус

Удобно поставената контрола за зум ви овозможува рамномерно прилагодување на зголемувањето при гледање. Автоматското фокусирање одржува јасен и остар фокус на вашиот објект, без потреба од постојано рачно прилагодување на фокусот.

Повеќе информации за DEV-5

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста