DPF-WA700
WA700 Дигитална фото рамка
Лесно добијте нови слики на вашата фото рамка
WVGA LCD екран на допир од 18см (7 инчи), Wi-Fi®, 1GB, време и интернет радио, HD видео, тајмер за вклучување / исклучување
- Гледајте слики директно од вашиот PC без кабли
- Автоматско прегледување на фотографии испратени преку e-mail или Facebook
- Екран на допир кој е едноставен за користење
Поинаков поглед на вашата фото колекција.
Оваа стилска дигитална фото рамка ви овозможува да уживате во автоматско ажурирање на сликите преку вашата домашна безжична мрежа. Неверојатно едноставни за поставување и користење, тие претставуваат прекрасна идеја за подарок која ќе им овозможи на пријателите и семејството да ги споделат сите најнови фотографии без мака.

Безжично префрлување на слики
Прегледувајте фотографии складирани на вашиот PC, без кабли и без мемориски картички. Погледнете ги фотографиите од e-mail пораките испратени од кое било место во светот: тоа е одличен начин да бидете во тек со новостите.

Фотографии од Facebook
Погледнете ги најновите фотографии кои ги објавиле вашите пријатели на Facebook. S-frame автоматски врши ажурирање секогаш кога вашите пријатели ќе објават нова слика, така што секогаш навреме ќе знаете што се случува.

Екран на допир кој е едноставен за користење
Уживајте со вашата колекција на фотографии со помал напор. Практичниот екран на допир овозможува брзо и едноставно поставување на безжични префрлувања, закажување на автоматско ажурирање на фотографиите и избирање на поставувања за слајд шоу.

Репродукција на Full HD видео снимки со звук
S-Frame може да ги репродуцира сите ваши видео снимки, вклучувајќи и AVCHD записи снимени со новите модели на Cyber-shot и Handycam®. Вградениот звучник ви овозможува да репродуцирате и MP3 музички фајлови како придружна музика за вашите слајд шоу презентации.

Временска прогноза и интернет радио
Дожд или сонце? Проверете ги новостите за времето без да го вклучувате телевизорот или вашиот PC. Уживајте во огромен избор на радио канали проследени преку интернет.




