Модел: 

DPF-W700

W700 Дигитална фото рамка

Лесно добијте нови слики на вашата фото рамка

WVGA LCD екран на допир од 18см (7 инчи), Wi-Fi®, 1GB меморија, временска прогноза, тајмер за вклучување/исклучување

  • Гледајте слики директно од вашиот PC без кабли
  • Автоматско прегледување на фотографии испратени преку e-mail или Facebook
  • Екран на допир кој е едноставен за користење

Поинаков поглед на вашата фото колекција.

Оваа стилска дигитална фото рамка ви овозможува да уживате во автоматско ажурирање на сликите преку вашата домашна безжична мрежа. Неверојатно едноставни за поставување и користење, тие претставуваат прекрасна идеја за подарок која ќе им овозможи на пријателите и семејството да ги споделат сите најнови фотографии без мака.

 

Безжично префрлување на слики

Прегледувајте фотографии складирани на вашиот PC, без кабли и без мемориски картички. Погледнете ги фотографиите од e-mail пораките испратени од кое било место во светот: тоа е одличен начин да бидете во тек со новостите.

Фотографии од Facebook

Погледнете ги најновите фотографии кои ги објавиле вашите пријатели на Facebook. S-frame автоматски врши ажурирање секогаш кога вашите пријатели ќе објават нова слика, така што секогаш навреме ќе знаете што се случува.

Екран на допир кој е едноставен за користење

Уживајте со вашата колекција на фотографии со помал напор. Практичниот екран на допир овозможува брзо и едноставно поставување на безжични префрлувања, закажување на автоматско ажурирање на фотографиите и избирање на поставувања за слајд шоу.

Временска прогноза

Дожд или сонце? Проверете ги новостите за времето без да го вклучувате телевизорот или вашиот PC.

Тајмер кој заштедува енергија

S-Frame ви помага да заштедите на сметките за електрична енергија во домаќинството. Тајмерот кој заштедува енергија автоматски го активира режимот на подготвеност на фото рамката кога таа не се користи, на пример во текот на ноќта или кога не сте во куќата во текот на денот.

Повеќе информации за DPF-W700

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста