ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPF-D85

D85 Дигитална фото рамка

Дигитална фото рамка со извонреден квалитет на слика и интелигентни функции

20,3cm (8”) WVGA Clear Photo LCD; 256MB мем.; влез за разновидни картички; USB; далечински управувач

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Неверојатен квалитет на слика со висок контраст
  • Стилски елегантен дизајн
  • Огромен избор на забавни режими на гледање

Неверојатни слики на кои ќе се сеќавате

Дигитална фото рамка со LCD екран со многу висока резолуција. Голем избор на режими за гледање и интелигентни функции за уживање во вашите прекрасни дигитални слики.

 

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Правилна ориентација

Вашата фото рамка можете да ја поставите вертикално или странично, онака како што вам ви одговара. Без разлика за која ориентација ќе се одлучите, во внатрешноста се наоѓа сензор кој автоматски ќе ја заврти сликата за нејзино правилно прикажување.

Пронајдете ги саканите фотографии

Вие лесно ќе можете да ја најдете саканата фотографија помеѓу бројните снимки кои се складирани во меморијата на вашата фото рамка. Интелигентните функции за пребарување ќе ви овозможат одличен преглед на вашата фото збирка. Можете да пребарувате според фолдер или посебен настан – како на пр. свадба или летување – што ќе ви помогне за брзо наоѓање на саканата слика.

Практична контрола

Зошто да вложувате дополнителен напор додека работите или едноставно се одморате? Практичниот далечински управувач ви овозможува да изберете соодветен режим на слајд шоу и да ги контролирате останатите функции на рамката за слики без да станувате од вашиот стол.

Повеќе информации за DPF-D85

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста