ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPF-D720/WI

D720 Дигитална фото рамка

Дизајнирана со Сваровски кристали кои додаваат посебен стил на секој ентериер

Широк WVGA LCD екран од 17,8см (7 инчи), видео со станд.дефиниција, репр.на MP3 музика, 2GB меморија

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Одличен квалитет на фотографии и видео
  • Гледајте видео записи со звук и стандардна дефиниција
  • Ексклузивен стил со Сваровски кристали

Вашите фотографии ќе добијат уште поголем стил

Висококвалитетна дигитална фото рамка која нуди врвно прегледување на фотографии и видео записи. Запознајте се со големиот избор на слајд шоу презентации со музичка придружба, како и режими за прегледување со часовник и календар. Ексклузивен стил со Сваровски кристали кој нуди поинаков изглед.

 

Внесете живост во вашите видео снимки

Сега може да уживате во сите посебни спомени снимени со вашиот дигитален фото апарат. S-Frame ја прикажува вашата колекција на видео записи кои имаат стандардна дефиниција со прекрасни бои и детали. Тие нудат повторно доживување на моментите на возбудлив начин.

Совршена музика во позадина

Додадете им соодветна придружна музика на вашите слајд шоу презентации и видео записи. Уживајте во чист и богат стерео звук - без разлика дали ги слушате звуците од вашите видео записи или вашите омилени мелодии зачувани во внатрешната меморија на рамката.

Простор за сите ваши спомени

Со дополнителната меморија во дигиталните фото рамки се добива простор за многу повеќе слики. Огромниот мемориски простор ви овозможува складирање до 4,000 слики (во зависност од моделот) – доволно за сите ваши посебни моменти.

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Правилна ориентација

Вашата фото рамка можете да ја поставите вертикално или странично, онака како што вам ви одговара. Без разлика за која ориентација ќе се одлучите, во внатрешноста се наоѓа сензор кој автоматски ќе ја заврти сликата за нејзино правилно прикажување.

Повеќе информации за DPF-D720/WI

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста