Модел: 

DPF-D710

D710 Дигитална фото рамка

Уживајте во прекрасно прегледување на вашите фотографии со избор од забавни слајд шоу презентации

WVGA LCD екран од 17,8см (7 инчи), меморија од 128MB

  • Одличен квалитет на сликата
  • Голем избор на режими со слајд шоу
  • Практичен далечински управувач

Уживајте во прекрасно прегледување

Висококвалитетна дигитална фото рамка која нуди врвно прегледување на фотографии. Запознајте се со изборот на слајд шоу презентации, како и привлечни режими за прегледување со часовник и календар. Сензор за ориентација кој ја завртува сликата за правилно гледање на рамката во хоризонтална положба.

 

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Правилна ориентација

Вашата фото рамка можете да ја поставите вертикално или странично, онака како што вам ви одговара. Без разлика за која ориентација ќе се одлучите, во внатрешноста се наоѓа сензор кој автоматски ќе ја заврти сликата за нејзино правилно прикажување.

Пронајдете ги саканите фотографии

Вие лесно ќе можете да ја најдете саканата фотографија помеѓу бројните снимки кои се складирани во меморијата на вашата фото рамка. Интелигентните функции за пребарување ќе ви овозможат одличен преглед на вашата фото збирка. Можете да пребарувате според фолдер или посебен настан – како на пр. свадба или летување – што ќе ви помогне за брзо наоѓање на саканата слика.

Практична контрола

Зошто да вложувате дополнителен напор додека работите или едноставно се одморате? Практичниот далечински управувач ви овозможува да изберете соодветен режим на слајд шоу и да ги контролирате останатите функции на рамката за слики без да станувате од вашиот стол.

Повеќе информации за DPF-D710

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста