DPF-C700WI
C700WI Дигитална фото рамка
За гламурозно прегледување на вашите фотографии
WVGA LCD екран од 18см (7 инчи), избор за слајд шоу, тајмер кој заштедува енергија, отвор за мемориска картичка
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Остар и јасен квалитет на слика
- Прекрасен стил изработен со Сваровски кристали
- Тајмер кој заштедува енергија
За луксузно прегледување на вашите спомени
Оваа елегантна фото рамка претставува прекрасен подарок. Само приклучете USB уред или вметнете ја картичката од вашиот фото апарат. Потоа уживајте во приказ на вашите фотографии со јасни детали и богати, реалистични бои. Тие нудат и тајмер кој заштедува енергија за да заштедите пари.

Врвен квалитет на сликата
Вашите специјални спомени заслужуваат подеднакво специјална фото рамка. LCD екраните со висока резолуција овозможуваат прикажување на вашите фотографии со неверојатни детали и богати, живописни бои.

Навистина едноставно користење
Покрај прекрасниот стил кој изгледа одлично во секоја просторија, S-Frame рамките се исто така и едноставни за користење. Нема сложени менија кои ќе ве збунат. Eдноставните копчиња и икони на екранот ќе ве водат при поставувањето на екранот и при избирањето на режим за слајд шоу или часовник/календар.

Тајмер кој заштедува енергија
S-Frame ви помага да заштедите на сметките за електрична енергија во домаќинството. Тајмерот кој заштедува енергија автоматски го активира режимот на подготвеност на фото рамката кога таа не се користи, на пример во текот на ноќта или кога не сте во куќата во текот на денот.

Уживајте во шоуто
Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? Ви нудиме избор од четири различни опции за слајд шоу за да се восхитувате на вашата колекција од фотографии. А за поголема разновидност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.




