ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPF-A710

A710 Дигитална фото рамка

Уживајте во драгоцените моменти со избор од забавни слајд шоу презентации

Широк WQVGA LCD екран од 17,8см (7 инчи), меморија од 128MB

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Остар и јасен квалитет на слика
  • Голем избор на режими со слајд шоу
  • Практичен далечински управувач

Прикажувајте ги вашите фотографии со стил

Висококвалитетна дигитална фото рамка која нуди врвно прегледување на фотографии. Запознајте се со изборот на слајд шоу презентации, како и привлечни режими за прегледување со часовник и календар. Сензор за ориентација кој ја завртува сликата за правилно гледање на рамката во хоризонтална положба.

 

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Правилна ориентација

Вашата фото рамка можете да ја поставите вертикално или странично, онака како што вам ви одговара. Без разлика за која ориентација ќе се одлучите, во внатрешноста се наоѓа сензор кој автоматски ќе ја заврти сликата за нејзино правилно прикажување.

Пронајдете ги саканите фотографии

Вие лесно ќе можете да ја најдете саканата фотографија помеѓу бројните снимки кои се складирани во меморијата на вашата фото рамка. Интелигентните функции за пребарување ќе ви овозможат одличен преглед на вашата фото збирка. Можете да пребарувате според фолдер или посебен настан – како на пр. свадба или летување – што ќе ви помогне за брзо наоѓање на саканата слика.

Практична контрола

Зошто да вложувате дополнителен напор додека работите или едноставно се одморате? Практичниот далечински управувач ви овозможува да изберете соодветен режим на слајд шоу и да ги контролирате останатите функции на рамката за слики без да станувате од вашиот стол.

Повеќе информации за DPF-A710

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста