ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPF-XR100

XR100 Дигитална фото рамка

Елегантен дизајн и неверојатно прегледување на вашите фотографии и HD видео снимки

SWVGA LCD екран од 25,9см (10,2 инчи) со "TruBlack", Full HD видео, ст. звук, 2GB мем., BIONZ, HDMI®

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Најдобар квалитет на фотографии и видео
  • Репродуцирајте Full HD видео снимки со стерео звук
  • Луксузен и модерен дизајн кој ќе го надополни секој декор

Награди и написи

Прочитајте повеќе

Неверојатни слики на кои ќе се сеќавате

Дигитална фото рамка со многу функции и голем LCD екран со висока резолуција, висок контраст и широк агол на гледање. Уживајте во прекрасно прегледување на фотографии и HD видео записи со стерео звук. Добијте огромен избор на слајд шоу презентации, часовник, календар и забавно прегледување.

 

Најдобар квалитет на сликата досега

Вашите специјални спомени заслужуваат подеднакво специјална фото рамка. LCD екраните со извонредно висока резолуција овозможуваат прикажување на вашата фото збирка со неверојатни детали и богати живописни бои. Технологијата „TruBlack” обезбедува висок контраст без речиси никаква рефлексија на екранот. Исклучително широкиот агол на гледање гарантира одлично гледање од кое било место во собата.

Внесете живост во вашите видео снимки

Сега може да уживате во сите посебни спомени снимени како AVCHD видео со вашиот DSLR, компактен фото апарат или NEX-5/NEX-3. S-Frame ги прикажува вашите видео записи во Full HD, со неверојатни детали и реалистични бои. Тие нудат повторно доживување на моментите на возбудлив начин.

Совршена музика во позадина

Додадете им соодветна придружна музика на вашите слајд шоу презентации и видео записи. Уживајте во чист и богат стерео звук - без разлика дали ги слушате звуците од вашите видео записи или вашите омилени мелодии зачувани во внатрешната меморија на рамката.

Простор за сите ваши спомени

Со дополнителната меморија во дигиталните фото рамки се добива простор за многу повеќе слики. Огромниот мемориски простор ви овозможува складирање до 4,000 слики (во зависност од моделот) – доволно за сите ваши посебни моменти.

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Повеќе информации за DPF-XR100

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста