Модел: 

DPF-HD1000

HD1000 Дигитална фото рамка

Луксузно прегледување на вашите фотографии и HD видео снимки

WSVGA LCD екран од 25,7см (10,1 инчи), HD видео и звук, 2GB меморија, далечински управувач, тајмер кој заштедува енергија

  • Најдобар квалитет на фотографии и HD видео
  • Репродуцирајте HD видео снимки со звук
  • Тајмер кој заштедува енергија

Неверојатни слики на кои ќе се сеќавате

Оваа дигитална фото рамка со луксузен стил претставува совршен подарок. Уживајте во прекрасно прегледување на сите ваши фотографии и HD видео записи со звук. Запознајте се со изборот на слајд шоу презентации, режими за прегледување со часовник и календар

 

Врвен квалитет на сликата

Вашите специјални спомени заслужуваат подеднакво специјална фото рамка. Големите LCD екрани со извонредно висока резолуција овозможуваат прикажување на вашите фотографии и видео снимки со неверојатни детали и богати, живописни бои.

Репродукција на Full HD видео снимки со звук

S-Frame може да ги репродуцира сите ваши видео снимки, вклучувајќи и AVCHD записи снимени со новите модели на Cyber-shot и Handycam®. Вградениот звучник ви овозможува да репродуцирате и MP3 музички фајлови како придружна музика за вашите слајд шоу презентации.

Тајмер кој заштедува енергија

S-Frame ви помага да заштедите на сметките за електрична енергија во домаќинството. Тајмерот кој заштедува енергија автоматски го активира режимот на подготвеност на фото рамката кога таа не се користи, на пример во текот на ноќта или кога не сте во куќата во текот на денот.

Простор за сите ваши спомени

Во вашата дигитална фото рамка има доволно простор за голем број на слики. Огромниот мемориски простор од 2GB ви овозможува складирање до 4,000 слики – доволно за сите ваши посебни моменти.

Далечински управувач

Не мора да станувате од вашата удобна фотеља за да уживате во поинаков приказ на вашите фотографии и видео снимки. Практичниот далечински управувач овозможува контролирање на слајд шоуто, часовникот и функциите на календарот од секое место во просторијата.

Повеќе информации за DPF-HD1000

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста