DPF-X800
X800 Дигитална фото рамка
Врвна дигитална фото рамка. Голем 8-инчен LCD екран со висока резолуција, меморија со висок капацитет од 2GB, повеќе режими за гледање, автоматска доработка на сликите и HD излез
Неверојатни слики на кои ќе се сеќавате
Врвна дигитална фото рамка со голем LCD екран со висока резолуција. Огромен мемориски капацитет, со повеќе режими за гледање, автоматска доработка на сликите и HD излез.

Најдобар квалитет на сликата досега
Вашите специјални спомени заслужуваат подеднакво специјална фото рамка. LCD екраните со извонредно висока резолуција овозможуваат прикажување на вашата фото збирка со неверојатни детали и богати живописни бои. ‘TruBlack’ технологијата обезбедува висок контраст без речиси никаква рефлексија на екранот.

Простор за сите ваши спомени
Со дополнителната меморија во дигиталните фото рамки се добива простор за многу повеќе слики. Огромниот мемориски простор ви овозможува складирање до 4,000 слики (во зависност од моделот) – доволно за сите ваши посебни моменти.

Уживајте во шоуто
Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Пронајдете ги саканите фотографии
Вие лесно ќе можете да ја најдете саканата фотографија помеѓу бројните снимки кои се складирани во меморијата на вашата фото рамка. Интелигентните функции за пребарување ќе ви овозможат одличен преглед на вашата фото збирка. Можете да пребарувате според фолдер или посебен настан – како на пр. свадба или летување – што ќе ви помогне за брзо наоѓање на саканата слика.

За добивање на прекрасни лица
Додадете дополнителен сјај на вашите омилени портрети. Функцијата за откривање лице ги препознава сцените со возрасни или деца, вршејќи фино прилагодување на експозицијата за добивање на јасни и осветлени лица со природен избалансиран тон на кожата.

Добијте навистина голема слика
Внесете нова димензија во уживањето со вашите омилени фотографии. Поврзете се на вашиот HD телевизор и уживајте во вашата збирка слики на големиот екран, со неверојатни детали и прекрасни богати бои.




