ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPF-D1020

D1020 Дигитална фото рамка

Елегантен дизајн надополнет со извонредно прегледување на вашите фотографии и SD видео снимки

WVGA LCD екран од 25,4см (10 инчи), видео со станд.дефиниција, репр.на MP3 музика, 2GB меморија

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Одличен квалитет на фотографии и видео
  • Гледајте видео записи со стандардна дефиниција
  • Голема меморија за складирање на сите ваши посебни моменти

Уживајте во прекрасно прегледување

Неверојатно голема и висококвалитетна дигитална фото рамка која нуди врвно прегледување на вашите фотографии и видео записи со стандардна дефиниција. Запознајте се со големиот избор на слајд шоу презентации со музичка придружба, како и привлечни режими за прегледување со часовник и календар.

 

Големи и прекрасни

Не пропуштајте ги прекрасните детали. Гледајте поголеми слики на извонредно големиот LCD панел од 25,4см (10 инчи). Тој ви овозможува да ги доживеете вашите фотографии и видео снимки на повозбудлив и поинаков начин. Навистина ќе уживате во приказот на исклучително големиот екран, особено во поголеми простории.

Внесете живост во вашите видео снимки

Сега може да уживате во сите посебни спомени снимени со вашиот дигитален фото апарат. S-Frame ја прикажува вашата колекција на видео записи кои имаат стандардна дефиниција со прекрасни бои и детали. Тие нудат повторно доживување на моментите на возбудлив начин.

Совршена музика во позадина

Додадете им соодветна придружна музика на вашите слајд шоу презентации и видео записи. Уживајте во чист и богат стерео звук - без разлика дали ги слушате звуците од вашите видео записи или вашите омилени мелодии зачувани во внатрешната меморија на рамката.

Простор за сите ваши спомени

Со дополнителната меморија во дигиталните фото рамки се добива простор за многу повеќе слики. Огромниот мемориски простор ви овозможува складирање до 4,000 слики (во зависност од моделот) – доволно за сите ваши посебни моменти.

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Повеќе информации за DPF-D1020

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста