DPF-D830L
D830L Дигитална фото рамка во вид на албум
Нов возбудлив начин за споделување на вашите фотографии и SD видео снимки со стандардна дефиниција со стил
SVGA LCD екран од 20,3см (8 инчи), видео со станд.дефиниција, репр.на MP3 музика, 2GB меморија, торбичка за носење
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Носете ги вашите фотографии и видео снимки со вас за споделување
- Прекрасен дизајн, преносливи и лесни за држење
- Вклучена луксузна торбичка за носење од кожа
Споделете ги спомените
Фото рамка која воедно е и албум. Нов концепт за споделување фотографии со стилски албум на батерија кој нуди врвно прегледување на фотографии и видео записи со ст.дефиниција. Запознајте се со големиот избор на слајд шоу презентации со музика, како и режими за прегледување со часовник и календар.

Не задржувајте ги спомените само за себе
Свадби, крштевки, родендени, празници и многу повеќе. Посебните моменти мора да се споделат: покажете ја вашата фото колекција на сите со помош на овој стилски и пренослив албум. Ќе можете да уживате во неверојатни 100 минути пред повторно да ја наполните батеријата - доволно време да се потсетите на посебните моменти со семејството и пријателите.

Внесете живост во вашите видео снимки
Сега може да уживате во сите посебни спомени снимени со вашиот дигитален фото апарат. S-Frame ја прикажува вашата колекција на видео записи кои имаат стандардна дефиниција со прекрасни бои и детали. Тие нудат повторно доживување на моментите на возбудлив начин.

Совршена музика во позадина
Додадете им соодветна придружна музика на вашите слајд шоу презентации и видео записи. Уживајте во чист и богат стерео звук - без разлика дали ги слушате звуците од вашите видео записи или вашите омилени мелодии зачувани во внатрешната меморија на рамката.

Простор за сите ваши спомени
Со дополнителната меморија во дигиталните фото рамки се добива простор за многу повеќе слики. Огромниот мемориски простор ви овозможува складирање до 4,000 слики (во зависност од моделот) – доволно за сите ваши посебни моменти.

Пронајдете ги саканите фотографии
Вие лесно ќе можете да ја најдете саканата фотографија помеѓу бројните снимки кои се складирани во меморијата на вашата фото рамка. Интелигентните функции за пребарување ќе ви овозможат одличен преглед на вашата фото збирка. Можете да пребарувате според фолдер или посебен настан – како на пр. свадба или летување – што ќе ви помогне за брзо наоѓање на саканата слика.




