My Sony

My Sony:

 

Напис за производ

Дигитални диктафони за сечиј џеб

Дигитални диктафони

Одликувајќи се со врвен звук и долго време на снимање, нашата палета на диктафони е дизајнирана да ги задоволи потребите на студентите но и на професионалците.

UX серијата на рекордери со mp3 можности звучи но и изгледа прекрасно. Овие уреди се идеални за вашите предавања или пак проби на музички бендови.

За медицинските транскрипции, правните диктати, деловните белешки или новинарството.

 

Извонредни карактеристики

Дигитална контрола на височината на тонот


UX и SX сериите нудат дигитална контрола на височината на тонот.

Вие ќе можете да ја забавите репродукцијата на снимката без да се промени височината на гласовите со што се олеснува транскрипцијата.

За да чуете демонстрација на оваа функција, притиснете го копчето за репродукција и вклучете или исклучете на дигиталната контрола на височината на тонот.

Дигитално засилување на гласовите


SX серијата вклучува вградена функција за дигитално засилување на гласовите со која се подобрува јасноста и јачината на звукот на говорот, дури и од далечните делови од просторијата, така што вие нема да испуштите ниту еден коментар.

Резултатот е навистина извонреден, испробајте го ова и самите подолу.

Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.

UX серија - за учење и креативност

ICD-UX70 1GB стерео mp3 рекордер со црна бојаICD-UX70 1GB стерео mp3 рекордер
ICD-UX80 2GB стерео mp3 рекордер со сребрена бојаICD-UX80 2GB стерео mp3 рекордер

Разноврсност и едноставна употреба


Зарем не би било прекрасно кога само еден уред би ви овозможил снимање, складирање на податоци и репродукција на вашата омилена музика?

Отсега ова е можно. Новите ICD-UX70 и ICD-UX80 дигитални диктафони овозможуваат mp3 стерео снимање и репродукција, а тука е и големата вградена флеш меморија од 1GB или 2GB.

Исто така и нивниот изглед е исклучителен. За подобро вклопување во вашиот стил, ICD-UX70 е достапен во црна или розова боја, додека ICD-UX80 е достапен во црна или сребрена боја.

Зад компактното и лесно куќиште се крие огромна издржливост, при што траењето на батеријата е до 34 часа и преку 290 часа (UX80 - преку 580 часа) време на снимање.

Освен тоа, користењето е навистина едноставно, благодарение на LCD екранот со точкеста матрица и задно осветлување и функцијата за гласовно поттикнато снимање, со која снимањето започнува автоматски така што вие нема да мора постојано да ги притиснувате копчињата.

Извонредно моќни и преносливи


Прилагодливата чувствителност на вградениот стерео микрофон овозможува врвна јасност на сите снимки, додека вградениот звучник ќе ви биде од корист доколку не сте сами.

Тука е и дигиталната контрола на височината на тонот, со која ќе можете да ја забавувате и забрзувате репродукцијата без изобличување на природниот тон на гласовите, заради попрактично следење на снимените предавања.

Кога ќе се вратите во вашиот дом, вие ќе можете да го поврзете уредот директно на USB приклучокот од вашиот PC за да ги префрлите говорните снимки, сликите, mp3 и другите податочни фајлови, но и да ја дополните батеријата (потребна е опционална батерија на полнење).

Уредот е компатибилен со Windows и Mac® и нема да ви биде потребен дополнителен софтвер.

SX серија - професионални диктафони

ICD-SX78DR9 1GB дигитален диктафон со држачICD-SX78DR9 1GB дигитален диктафон со држач
ICD-SX68 512MB дигитален диктафонICD-SX68 512MB дигитален диктафон

За вистинските професионалци


Компактен, елегантен и со стилска сребрена боја, ICD-SX78 дигиталниот диктафон е дизајниран за професионалците.

Располагајќи со огромна вградена флеш меморија од 1GB која овозможува време на снимање од преку 374 часови, тој е идеален за снимање на презентации, семинари и состаноци.

Оптималните перформанси се загарантирани благодарение на стерео звукот со висок квалитет (STHQ) и снимањето во 80-20,000Hz динамички опсег што е блиску до CD дисковите.

Уредот одлично се адаптира во различни околини со помош на вградените чувствителни тројни микрофони кои можат централно да се фокусираат при интервјуа, или пак да се конфигурираат за стерео снимање за конференциите.

Тука е и функцијата за дигитално засилување на гласовите, која нуди издвојување на тивките гласови при репродукцијата, како и вградениот звучник за слушање во група.

За полесна транскрипција


Плус, благодарение на LCD екранот со точкеста матрица и задно осветлување и функцијата за гласовно поттикнато снимање, со која снимањето започнува автоматски, користењето е навистина едноставно.

Особено практична е и дигиталната контрола на височината на тонот, со која ќе можете да ја забавувате и забрзувате репродукцијата без изобличување на природниот тон на гласовите и полесно да ги пишувате белешките.

Понатаму, вие ќе можете да ги конвертирате снимките во универзалниот WAVE/mp3 формат со користење на испорачаниот Digital Voice Editor софтвер, со вметнување на ID3 ознаки за полесно организирање на фајловите.

Кога ќе се вратите во вашата канцеларија, уредот ќе можете лесно да го поврзете на USB приклучокот од вашиот PC заради негово дополнување.

 
 
ICD-SX68
ICD-UX60
ICD-UX70
ICD-SX78
ICD-UX80

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста