ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPP-F800

F800 Комбинација на дигитална фото рамка/печатар

Уживајте во извонредно прегледување на вашите фотографии и испечатете долготрајни слики

WVGA LCD екран со завртување под агол од 20,3см (8 инчи), меморија од 256MB, вграден печатар во боја

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Прикажувајте ги вашите фотографии со стил
  • Креирајте и печатете прекрасни и долготрајни слики во боја
  • Уживајте во забавни и креативни опции за печатење

Погрижете се моментите да траат уште подолго

Комбинирана диг.фото рамка со разни опции која нуди и печатење на фотографии во боја од омилените слики… без потреба од PC. Запознајте се со изборот на слајд шоу презентации и режими за прегледување со часовник и календар. Разни опции за печатење фотографии за лична карта, календари и многу повеќе.

 

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Едноставно печатење без потреба од PC

Не ви е потребен PC ниту специјални познавања за да печатите врвни слики од вашата дигитална фото збирка. Само вметнете ја мемориската картичка од фото апаратот: потоа ќе ви бидат потребни само неколку моменти за да добиете сјајни долготрајни фотографии во кои ќе уживате многу години.

Практична контрола

Зошто да вложувате дополнителен напор додека работите или едноставно се одморате? Практичниот далечински управувач ви овозможува да изберете соодветен режим на слајд шоу и да ги контролирате останатите функции на рамката за слики без да станувате од вашиот стол.

Пронајдете ги саканите фотографии

Вие лесно ќе можете да ја најдете саканата фотографија помеѓу бројните снимки кои се складирани во меморијата на вашата фото рамка. Интелигентните функции за пребарување ќе ви овозможат одличен преглед на вашата фото збирка. Можете да пребарувате според фолдер или посебен настан – како на пр. свадба или летување – што ќе ви помогне за брзо наоѓање на саканата слика.

Повеќе информации за DPP-F800

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста