ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPP-F700

F700 Комбинација на дигитална фото рамка / печатар

"Сè во едно" дигитална фото рамка / фото печатар

17,8 см широк VGA LCD, 1GB меморија, пребарување на слики, креативно печатење

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Прикажете ги вашите фотографии со стил
  • Креирајте и печатете прекрасни и долготрајни слики
  • Забавни и креативни опции за печатење

Повеќе начини за уживање во вашите спомени

Нов комбиниран концепт на дигитална фото рамка и печатар, со LCD екран со висока резолуција и повеќе режими на гледање. Брзо печатење и уште подолго зачувување на посебните моменти.

 

Уживајте во шоуто

Зарем вашите најубави спомени не заслужуваат специјален третман? На располагање ви стои голем избор на опции за слајд шоу кои ќе ја заживеат вашата фото збирка. А за поголема разноврсност ви нудиме и избор на привлечни режими на часовник и календар.

Простор за сите ваши спомени

Со дополнителната меморија во дигиталните фото рамки се добива простор за многу повеќе слики. Огромниот мемориски простор ви овозможува складирање до 4,000 слики (во зависност од моделот) – доволно за сите ваши посебни моменти.

Едноставно печатење без потреба од PC

Не ви е потребен PC ниту специјални познавања за да печатите врвни слики од вашата дигитална фото збирка. Само вметнете ја мемориската картичка од фото апаратот: потоа ќе ви бидат потребни само неколку моменти за да добиете сјајни долготрајни фотографии во кои ќе уживате многу години.

Снимки со прекрасни очи

Блицот на вашиот фото апарат може да предизвика појава на ‘црвени очи’, чест проблем кој може да ги упропасти снимките со пријателите и семејството. Автоматската доработка врши корекција на црвените очи со едно притиснување на копче, за добивање на портрети со природен изглед.

Практична контрола

Зошто да вложувате дополнителен напор кога нешто работите или едноставно се одморате? Практичниот далечински управувач ви овозможува да изберете соодветен режим на слајд шоу и да ги контролирате другите функции на рамка за слики без да станувате од вашиот стол.

Повеќе информации за DPP-F700

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста