SAL-2470Z
2470Z A-монтажен објектив за дигитални фото апарати
Светол, висококвалитетен стандарден објектив за зумирање од Carl Zeiss®
24-70мм F2,8 ZA SSM Vario-Sonnar® T* објектив
Врвен сенаменски квалитет на слика
Овој разновиден стандарден објектив за зумирање од Carl Zeiss® нуди сенаменски перформанси и е совршен за широк опсег на ситуации за фотографирање. Широко отворената решетка е идеална за снимање при слаба осветленост. Квалитетот е неверојатен и постојан, со подеднаква јасност и осветленост, низ целата површина на сликата.

Тивок и исклучително рамномерен фокус
Системот за автоматско фокусирање во вашиот објектив мора да работи со врвна прецизност, без да предизвикува вознемирувачки звуци. Вградениот SSM (суперсоничен мотор) овозможува континуирано, рамномерно и тивко фокусирање.

Изработени од Carl Zeiss®
Vario-Sonnar, оптичкиот дизајн со високи перформанси од Carl Zeiss®, одржува широка решетка низ целиот опсег на фокусот. Ќе уживате во подеднакво осветлени слики со висок квалитет при сите поставувања на зумот.

Забележете го контрастот
Непотребната светлина која ќе навлезе во објективот може да предизвика избледени слики, особено во местата со сенки. Софистицираниот оптички дизајн го зголемува контрастот кај блескавите светли тонови и темните, длабоки сенки.

Помалку одблесоци, почисти слики
Одблесоците предизвикани од светлината која се одбива од површината на објективот може да претставува голем проблем. Ексклузивно достапно кај Carl Zeiss®, T*антирефлективното обложување со повеќе слоеви на сите оптички површини ги намалува одблесоците со цел да се добијат прекрасни слики.





