VRD-P1
P1 DVD рекордери
DVDirect Express: компактен DVD снимач со нов дизајн. Лесно креирање на DVD со едно притиснување на копче и поврзување преку еден кабел. Снимање со голема брзина со Handycam® моделите кои се компатибилни со DVDirect.
DVD снимач кој можете да го понесете со себе
Компактен DVD снимач со врвен стил. Лесно поврзување со само еден кабел и брзо снимање на дискови со компатибилните Handycam® модели.

Снимајте додека патувате
Мал, лесен и стилски, овој DVD снимач е одличен придружник за вашите патувања. Тој директно се поврзува на компатибилните Handycam® модели преку вградениот USB кабел. Не ви се потребни никакви дополнителни кабли за напојување или адаптери, така што ќе имате помалку опрема за носење при патувањата.

Извонредна брзина
Кој сака долго да чека додека се врши преснимувањето на содржините од камерата? Снимањето со голема брзина кај компатибилните Handycam® модели нуди снимање на DVD диск со полн капацитет за само 20 минути (во зависност од режимот на снимање и бројот на сцените).




