VRD-MC6
MC6 DVD рекордери
Компактен, практичен повеќефункциски DVD рекордер
Снимање на DVD дискови без користење на PC
Компактен, практичен DVD снимач кој може да се користи со која било видео камера. Архивирајте ги видео снимките и дигиталните фотографии за безбедно чување и споделување.

Директно снимање на диск
Ви снемува простор за снимање на вашата видео камера? Нема проблем: преснимете ги содржините на практичните и евтини DVD дискови. Не ви е потребен PC или специјален софтвер: едноставно поврзете ја видео камерата, притиснете едно копче и снимањето започнува: навистина е едноставно.

Која било камера, нема проблем
Дигитална или аналогна, стара или нова: DVDirect може да се користи со секоја видео камера. Можете да снимате HD дискови од вашата AVCHD Handycam® камера, или да креирате дискови со стандардна дефиниција од AVCHD камерите за репродукција на кој било DVD плеер. Би сакале да ги зачувате старите видео ленти? Поврзете го вашиот VCR видео рекордер и преснимете ги лентите за безбедно чување.

Повеќе забава со дигиталните фотографии
Не заборавајте на вашата драгоцена фото збирка. Вметнете ја мемориската картичка од вашиот фото апарат во DVDirect и префрлете ги дигиталните снимки на диск. Потоа уживајте во вашите спомени во облик на слајд шоу на DVD плеер или PC.




