HVL-F20S
F20S Надворешен блиц
Компактен блиц, кој е практичен за носење, за портрети и секојдневно фотографирање
- Лесен, компактен блиц за патувања
- Блиц со можност за завртување за добивање портрети со природен изглед
- Моќноста на блицот GN20 јасно го осветлува вашиот објект

Одлични за патувања
Не секогаш сакате да носите голем и тежок блиц додека патувате. Со тежина од само 63 гр., овој лесен и компактен блиц лесно се вметнува во торбичката за вашиот фото апарат или вашата торба за патување. Нема да Ви требаат ниту батерии, бидејќи се напојува од фото апаратот.

Повеќе светлина врз вашиот објект
Вградениот блиц со мало напојување кај повеќето компактни фото апарати имаат проблеми при осветлување на објектите кои се оддалечени неколку метри од фото апаратот. Ознаката за солидна моќност GN20 овозможува фрлање на големо количество светлина за портрети, групни сцени и многу повеќе.

Прилагодување на аголот за професионални резултати
За разлика од фиксниот вграден блиц кај повеќето компактни фото апарати, блицот со можност за прилагодување на аголот лесно ротира за создавање на ефекти со одбивање на блиц кои имаат природен изглед при фотографирање на портрети и секојдневно фотографирање на објекти.

Навистина едноставно користење
Не грижете се за сложените контроли, поставувања или прикази. Само подигнете го блицот во позиција за фотографирање и ќе бидете подготвени. Додавањето чувство на професионалност со надворешен блиц никогаш не било поедноставно.




