Модел: 

FDA-EV1S

EV1S Електронски визир

XGA OLED Tru-Finder™ визирот нуди поглед со висока резолуција за критичното снимање

XGA OLED, 2359K точки, приближно 100% покриеност на полето, видно поле 33,1 степени, прилагодлив агол

  • Слика со многу висока резолуција и висок контраст
  • Прибл. покриеност на полето 100%
  • Прилагодување на аголот за удобно снимање

Обликувајте ги снимките со сигурност

Овој прецизен електронски визир, кој се прикачува на приклучокот за галантерија на вашиот фото апарат, нуди приказ од вашата композиција со висока резолуција. Тој е идеален за обликување на кадарот, фокусирање и прегледување на снимките при силна сончева светлина или, пак, кога треба да ги погледнете најситните детали.

 

Погледнете ги сите детали

Електронскиот визир со неверојатно висока резолуција нуди јасен и осветлен приказ на вашата композиција со многу детали. Бидете сигурни при финото прилагодување на фокусот, донесувајте клучни одлуки при фотографирањето без да го тргнете погледот од Tru-Finder визирот.

Снимете го тоа што го гледате

Погледнете ја сцената "таква каква што е", со многу висок контраст и острина, како и со покриеност на полето од прибл. 100%. Тоа се перформанси кои можете да ги очекувате од висока класа на оптички визири кај DSLR фото апаратите.

Добијте ја целосната слика

Прегледајте ги ефектите од прилагодувањето на експозицијата и останатите поставувања при фотографирањето во реално време. Подобрете го вашето доживување при фотографирањето со изборот од различни прикази на информации и водичи на екранот.

Удобно прегледување од секој агол

Зголемете ги опциите за да добиете удобно ракување во секоја положба. Закосете го Tru-Finder визирот нагоре и снимајте снимки од низок агол за да добиете поинаква перспектива од вашата сцена.

Повеќе информации за FDA-EV1S

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста