Професионални производи
Кога вашите фотографски потреби ќе станат пошироки, висококвалитетните зум објективи - кои истовремено се и компактни и лесни - се вистинскиот избор.
Брзи објективи со широка решетка кои овозможуваат "замрзнување на движењата" во услови на недоволна осветленост. Тие исто така се одлични и за издвојување на вашиот објект преку заматување на заднината.
Најчесто користени за динамично снимање, снимање на животот во дивината и портрети, телефото објективите служат за далечинско зголемување на објектот и за добивање на природно однесување снимено од ненаметлива далечина.
Преглед на опсег
Споредете палета на производи
За да се доловат и најситните детали и да се погледне светот од еден нов агол, макро фотографирањето ќе ви овозможи да се запознаете со возбудливиот свет кој се наоѓа на дофат на вашите прсти.
Овие висококвалитетни објективи се специјално креирани од Sony за задоволување на најстрогите стандарди. Прецизниот дизајн и напредните материјали ги надоградуваат исклучителните можности на вашиот Sony DSLR фото апарат.
Кога не е дозволен компромис околу квалитетот и перформансите, 150-годишното искуство на Carl Zeiss® во полето на оптичката технологија доаѓа до израз.
Дополнителниот широк или ултра широк агол на гледање кај овие објективи ги прави идеални за фотографирање на пејзажи или внатрешна и надворешна архитектура
Искористете го квалитетот и креативните можности на фотографирањето со целосна слика. Овие објективи совршено одговараат на врвните α DSLR фото апарати со сензор со целосна слика.
Висококвалитетни оптички перформанси во лесен и компактен објектив кој е оптимизиран за фото апаратите со сензор со APS-C големина.
Претворете го вашиот нормален објектив во компактен и практичен телефото систем со навистина прифатлива цена.
Наменски филтери кои ќе ви помогнат да ја зголемите креативноста
Заштита за вашите објективи
Широка палета на одбрана галантерија за сите ваши потреби во оваа категорија.