Јасна снимка без странични звуци кои го одвлекуваат вниманието
Изберете Handycam® видео камера со микрофон со зумирање за добивање на аудио кое е исто толку јасно колку и видео снимката.
Зумирањето со другите видео камери често значи дека саканите предни звуци се губат меѓу звуците од околината, како на пр. птиците или разговорите на другите луѓе.
Микрофонот со зумирање овозможува чисти и природни звуци од предната страна. Притоа се врши засилување на предната чувствителност на микрофонот и карактеристиките на насочување.
Ова значи дека дијалозите и другите звуци од предната страна стануваат појасни при повисок степен на зумирање.
Исто така се прилагодува и фреквентниот одзив заради засилување на предните дијалози во однос на другите звуци.
Микрофоните со зумирање се застапени кај сите нови Handycam® модели со High Definition и стандардна резолуција (со исклучок на MiniDV).
Оваа функција автоматски се поврзува со функцијата за зумирање на објективот на камерата, така што нема потреба да се грижите околу поставувањето на параметрите. Едноставно зумирајте додека снимате и уживајте во беспрекорното приближување на звукот.