My Sony

My Sony:

 

Напис за производ

Живот. Толку чисто, толку живописно.

 
Вашиот пребарувач не поддржува Adobe Flash Player или верзијата на вашиот Adobe Flash Player е застарена.
Ве молиме кликнете тука за да ја преземете верзијата 9.0.124 или понова верзија на Adobe Flash Player за да можете да ги видите флеш содржините.
ClearVid CMOS сензор

Технологија создадена за вас

Сензорот на слика претставува срце на дигиталната видео камера, чип кој врши претворање на светлината во електронски податоци.

CCD сензорите беа стандард до неодамна, кога CMOS технологијата беше воведена кај висококвалитетните уреди.

Пристигна ерата на видеото со висока дефиниција и Sony дополнително ја подобри изработката на сензорите, воведувајќи го ClearVid CMOS сензорот со Exmor технологија.

ClearVid CMOS сензорот има повисока резолуција и поголема чувствителност, со поширок динамички опсег.

Новата Exmor технологија на обработка придодава A/D конвертор на сензорот, постигнувајќи ултра висока резолуција со поголема чувствителност и понизок шум.

Уште една предност на ClearVid CMOS сензорот е дека не се загрева многу и троши помалку енергија, така што на помалку чипови можеше да се смести повеќе електроника, со поголема ефеикасност на батериите.

ClearVid CMOS сензор

Магијата на CMOS

ClearVid CMOS сензорот го намалува шумот на сликата (или нејасноста) што може да ги уништи вашите снимки при услови на недоволна осветленост.

Надополнет со моќта на Bionz процесорот за слика, овој уникатен сензор од Sony користи поголеми точки за прифаќање на повеќе светлина, како и зелени точки со повисока густина за зголемување на резолуцијата.

Подобрената светлосна чувствителност и резолуцијата, како и уникатната структура на CMOS сензорот со која се намалува нејасноста и се проширува динамичкиот опсег, овозможуваат поосветлена и поостра слика.

ClearVid CMOS сензор

Побрз процесор, поголеми можности

CMOS сензорот и Bionz процесорот за слика ги задоволуваат потребите на High Definition сликата без користење на премногу енергија, што овозможува подолго траење на батеријата, покомпактен дизајн и поголема преносливост.

И тоа не е сè. Големата ефикасност овозможува дополнителни функции како рамномерно забавено снимање и двојно снимање.

Кај рамномерно забавеното снимање, снимката од три секунди се снима во облик на забавен клип со траење од 12 секунди, додека двојното снимање овозможува снимање на фотографии со 5 милиони точки при истовремено снимање на видео, или фотографии до 10 милиони точки при одделно фотографирање.

За да се поверува, мора да се види

Sony ClearVid CMOS сензорот е достапен кај многу модели на Sony видео камери. И самите погледнате ја поострата и појасна слика кај вашиот локален Sony продавач.

 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста