NEX-VG20EH
NEX-VG20EH Full HD видео камера со заменливи објективи
Full HD видео како во кино со флексибилност со заменливи објективи
16,1 милиони точки Exmor™ APS HD CMOS, 5.1 звук, 25/50p, 7,5cm (3,0”) екран на допир, HDMI®. Објектив од 18-200мм
- Full HD видео со квалитет на слика како во кино
- Заменливи објективи за неограничена креативност
- Снимање на висококвалитетен стерео/5.1 опкружувачки звук
Неограничено креативно изразување
Снимајте Full HD видео содржини како во кината со помош на креативната флексибилност со професионален стил на заменливите објективи. Снимајте прекрасно видео и фотографии со врвни детали и мала длабочина на поле - исто како и со DSLR фото апарат - плус висококвалитетен стерео/5.1кан. звук.

Квалитет како во кино кој ќе го паметите
Постигнете го оној богат кино изглед и слика со прекрасен квалитет кај вашите HD видео снимки, дури и при слаба осветленост. Креирајте неверојатни ефекти на дефокусирање на заднината ('bokeh') - токму како кај експресивниот квалитет на сликата на DSLR фото апаратите.

Повеќе објективи - поголема креативност
Сериозните фотографи ја ценат слободата на избирање на вистинскиот објектив кој ќе одговара во секоја ситуација за снимање. Сега можете да ги добиете истите неограничени креативни можности со вашата видео камера, доколку го изберете совршениот објектив кој ќе виде соодветен за потребите на секоја сцена.

Звучи подобро
Снимајте беспрекорни дијалоза и други звуци во стерео или 5.1-канален опкружувачки звук со прецизниот стерео микрофон со просторна структура од четири капсули. Практичната контрола за јачината на звукот плус приклучоците за надворешен микрофон и слушалки внесуваат дополнителна професионалност.

Апсолутна контрола
Пренесете ја вашата визија со прецизната рачна контрола врз експозицијата, ирисот, балансот на белата боја и другите параметри. Вртливото копче со доделување плус копчињата за брз пристап и јасниот осветлен екран на допир ќе ви го олеснат прилагодувањето на параметрите без прекинување на креативниот процес.

Сериозен квалитет и мала тежина
Sony ги прави кино HD снимките ексклузивно достапни, отворајќи нови уметнички можности со компактната видео камера која е лесна за ракување. Префинетата ергономија и редизајнираната рачна дршка ви овозможуваат да снимате со уште поголем комфор.




