Модел: 

NEX-VG10E

NEX-VG10E HD видео камера со заменливи објективи

Full HD видео како во кино со флексибилност со заменливи објективи

Full HD, Exmor® APS HD CMOS сензор, заменл.објективи, висококвал.микрофон, Xtra Fine LCD, EVF, HDMI®

  • Full HD видео со квалитет на слика како во кино
  • Заменливи објективи за неограничена креативност
  • Висококвалитетен стерео микрофон

Награди и написи

Прочитајте повеќе

ОсобиниNEX-VG10E

  • Исклучителни слики и звук како во кино - Истражете ја новата димензија на креативната уметност. Снимајте прекрасни и детални видео снимки како од кино со висококвалитетен звук
  • Exmor™ APS HD CMOS сензор со 14.2 милиони точки - Голем (APS-C големина) сензор за слика кој снима Full HD видео и фотографии со квалитет и селективна длабочина на поле како DSLR
  • Заменлив објектив - Изберете го вистинскиот објектив со E-приклучок за секакви објекти. Снимајте прекрасни видео снимки со вашите DSLR објективи од Carl Zeiss® и Sony (потребен е адаптер)
  • Објектив од 18-200мм со оптички SteadyShot активен режим - Висококвалитетниот објектив вклучува стабилизација за коригирање на ефектите од тресењето на фото апаратот при рачното снимање на видео дури и кога пешачите.
  • Снимање со 24 Mbps - Снимање на Full HD 1920 x 1080 видео (AVCHD формат) при максимална бит-стапка за подобрување на деталите и јасноста
  • Фотографии со 14.2 милиони точки - Снимајте фотографии со многу висока резолуција и мал шум и со квалитет на слика и длабочина на поле со DSLR изглед
  • 7,5см/3" Xtra Fine LCD екран - Фото-реалистичен широк LCD екран со резолуција од 921k точки и TruBlack технологија за јасни слики со висок контраст
  • Електронски визир со висока резолуција (EVF) - Прилагодлив агол за удобна композиција и прегледување на снимки од секоја позиција, дури и при силна сончева светлина
  • Стерео микрофон со просторна структура од четири капсули - Микрофон со напредна структура и четири повеќенасочни капсули за јасен звук со подобрено насочување во споредба со тој кај обичните видео камери.
  • Приклучок за надворешен микрофон - Обезбеден приклучок за дополнителен надворешен микрофон
  • BIONZ процесор - Моќната обработка на слика обезбедува јасни, детални видео снимки и фотографии, како и снимање со брз одзив
  • Практичен интерфејс - Брзо и лесно прилагодување на функциите од менито со јасниот и интуитивен интерфејс
  • Рачна контрола - Вртливо копче и копчиња за директен пристап со интуитивна рачна контрола за брзина на бленда, ирис, засилување и баланс на белата боја за резултати со професионален квалитет
  • Режим на рачно снимање во самрак - Автоматско снимање и комбинирање на брза серија од слики за создавање единствена фотографија со мал шум, при услови со слаба осветленост
  • Напреден оптимизатор на динамичкиот опсег - Прилагодување на експозицијата и контрастот за добивање на природни резултати во сцени со силен контраст и портрети со задно осветлување
  • Приклучок за галантерија - Компатибилност со α системи за осветлување/блиц и друга галантерија
  • HDMI® излез - Поврзете ја видео камерата директно на HD телевизор или PC преку компатибилен влез: гледајте ги вашите видео снимки со неверојатна Full HD резолуција
  • Снимајте на Memory Stick™ или SD картичка - Вметнете медиумска картичка со голем капацитет и снимајте Full HD видео (до 470мин. со картичка од 32GB) без да се грижите за ленти или дискови

Ве молиме имајте во предвид дека нашата галантерија е специфична за секој модел и спецификациите може да бидат различни во зависност од земјата.

 

Повеќе информации за NEX-VG10E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста