Модел: 

HDR-CX250E

CX250E Full HD видео камера со флеш меморија

Практична Full HD видео камера со висококвалитетни слики и моќен зум

30x оптички зум/29,8мм широк агол, 8,9MP фотографии, 7,5см/3" LCD, iAUTO

  • Снимање со висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
  • Моќен зум кој ќе ве приближи до случувањата
  • Широкоаголен објектив за опфаќање на повеќе содржини во сликата
Достапен на:

Full HD снимање со многу едноставни функции

Снимање на блескаво Full HD видео на изборна мемориска картичка. Лесна и практична за носење, таа располага со интелигентни и едноставни функции за снимање, споделување и уживање на остри HD видео снимки и фотографии.

 

Најдобри Full HD слики

Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Режимот 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда за резултати со дополнителна јасност.

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни слики

Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при фотографирање без статив. Оптичкиот SteadyShot активен режим обезбедува "3-начинска" корекција на тресењето на фото апаратот при целиот опсег на зумирање, дури и кога пешачите.

Недоволна светлина - нема проблеми!

Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот G објектив од Sony се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на поголема површина на слика без потреба да се оддалечувате наназад.

Повеќе информации за HDR-CX250E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста