ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

HDR-TG7VE

TG7V Full HD видео камера со флеш меморија

Мала тежина, компактност и врвен стил, со извонреден квалитет на видео снимките и фотографиите

До 6ч. Full HD на внатрешна меморија од 16 GB, 10x оптички зум и GPS

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

  • Одлична за патувања и одмор
  • Цврсто, атрактивно титаниумско куќиште
  • Следете ги вашите снимки со GPS

Ултра компактна и лесна, со врвен стил

Неверојатно мала и лесна со стилско куќиште од титаниум. Full HD снимање на внатрешна меморија, плус GPS, блендата со функција за насмевки, функција за откривање на лице и SteadyShot стабилизација на сликата.

 

Мали и лесни за врвна преносливост

Благодарение на компактните димензии и малата тежина вие ќе можете да ја сместите видео камерата во вашиот џеб или торба: така ќе можете насекаде да ја носите со вас.

Снимете ја секоја насмевка

Зарем не би било убаво покрај себе да имате фотограф кој би ги снимал само насмеаните лица додека вие снимате видео на некоја забава или друг специјален настан? Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање на фотографии секогаш кога некое лице ќе се насмевне, без да се прекинува снимањето на видео.

Дознајте каде сте… и каде сте биле

GPS овозможува следење на вашата позиција додека патувате. На LCD екранот погледнете ја точната локација на вашите видео снимки и фотографии со помош на мапи. Кога ќе се вратите дома, потсетете се на патувањето преку Google Maps интернет мапите на вашиот компјутер.

Секој може да снима сопствени филмови

Откако ќе направите повеќе снимки со видео камерата, потребно е многу време и труд за да ги споите снимките и да создадете сопствени ‘мини филмови’. Видео камерата врши автоматско одбирање и составување на записите, додавајќи ефекти на премини со професионален изглед и музика во заднина.

Повеќе забава со вашата видео збирка

Организирањето на вашите видео снимки и фотографии е едноставно со помош на Picture Motion Browser софтверот за PC, кој бесплатно се испорачува со видео камерите. Подредувајте и пребарувајте ги вашите видео записи и фотографии за неверојатно брзо време. Со само неколку кликнувања вие ќе можете да ги снимите содржините на диск, да ги испратите преку e-mail до пријателите или да ги преснимите на веб-сајтовите за споделување.

Повеќе информации за HDR-TG7VE

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста