ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ

HDR-TG3E

Стилски, ултра компактен и лесен дизајн со цврсто куќиште од титаниум

Full HD на Memory Stick™ (испорачан од 4GB), 10x оптички зум

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

Награди и написи

Прочитајте повеќе

Издржлива, современа и многу компактна

Стилски, ултра компактен и лесен дизајн со цврсто куќиште од титаниум. Full HD снимање на Memory Stick™, плус 5.1 опкружувачки звук, функција за откривање на лице и SteadyShot стабилизација на сликата.

 

Мали и лесни за врвна преносливост

Благодарение на компактните димензии и малата тежина вие ќе можете да ја сместите видео камерата во вашиот џеб или торба: така ќе можете насекаде да ја носите со вас.

Извонреден опкружувачки звук

Опкружувачкиот звук внесува дополнителна реалистичност кај вашите видео снимки, слично како во кината. 5.1-каналното снимање нуди чист аудио запис, кој ќе звучи одлично на вашиот систем за домашно кино. Најдобро од сè, не ви се потребни дополнителни микрофони или кабли: сè е вградено во видео камерата.

Природен изглед на лицата при секој обид

Лицата може да изгледаат затемнето и со недоволна експозиција во ситуациите со силно задно осветлување, како кај сцените на плажа. Исто така, кога снимате во затворени простории постои ризик тонот на кожата да добие неприродна боја. Видео камерата врши фино пролагодување на фокусот, експозицијата и тонот на кожата за добивање на природен изглед на лицата.

Пронајдете ги саканите снимки

Наоѓањето на одредена сцена во повеќечасовниот видео материјал на камерата воопшто не е лесно. Индексот на ликови ќе ви помогне брзо да ги најдете сцените кои содржат човечки лица. Индексот на тек на филм врши поделба на долгите сцени во покуси ‘поглавја’, за побрзо и полесно наоѓање на саканиот момент.

Повеќе забава со вашата видео збирка

Организирањето на вашите видео снимки и фотографии е едноставно со помош на Picture Motion Browser софтверот за PC, кој бесплатно се испорачува со видео камерите. Подредувајте и пребарувајте ги вашите видео записи и фотографии за неверојатно брзо време. Со само неколку кликнувања вие ќе можете да ги снимите содржините на диск, да ги испратите преку e-mail до пријателите или да ги преснимите на веб-сајтовите за споделување.

Повеќе информации за HDR-TG3E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста