Модел: 

HDR-TD20VE

TD20VE Двојна Full HD 3D видео камера со флеш меморија

Full HD видео камера која овозможува снимање на секој момент во неверојатно 3D

До 4ч. Full HD 3D на меморија од 64GB, двоен G објектив со 10x оптички зум, 8,8см/3,5" 3D LCD, GPS

  • Снимајте 3D во двојна Full HD резолуција
  • Уживајте во 3D видео на LCD екранот од видео камерата или телевизорот
  • Многу висок квалитет на слика и напредни функции

Вашиот свет во Full HD 3D

Ова е неверојатен нов начин на гледање на светот. Оваа "двојна Full HD" 3D видео камера располага со два висококвалитетни објективи, сензори и процесори на слика, сместени во куќиште кое е практично за носење. Откога еднаш ќе ги почувствувате извонредно реалистичните резултати, веќе нема враќање.

 

Нова димензија на уживање

Свадби. Забави. Празници. Замислете како би било повторно да ги доживеете незаборавните моменти во 3D. Сега може да снимате врвни видео записи со двојно Full HD. Уживајте во резултатите на вашиот BRAVIA или некој друг 3D-компатибилен телевизор: никогаш досега не сте имале искуство со нешто слично.

Најдобри Full HD слики

Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Режимот 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда (само во 2D) за резултати со дополнителна јасност.

Уште постабилни слики

Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при фотографирање без статив. Оптичкиот SteadyShot активен режим врши компензација за ефектите од тресењето на фото апаратот, дури и кога пешачите.

Недоволна светлина - нема проблеми!

Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Снимајте во 3D… уживајте во 3D или 2D

Уживајте во вашите видео снимки на начин кој ви одговара. Дури и ако немате 3D телевизор, ќе можете да ги гледате вашите записи со детална Full HD резолуција на вашиот стандарден 2D телевизор.

Повеќе информации за HDR-TD20VE

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста