Модел: 

HDR-PJ740VE

PJ740VE Full HD видео камера со флеш меморија

Full HD видео камера со исклучителен квалитет на слика и вграден проектор

До 11ч. Full HD на меморија од 32GB, 10x оптички зум/26мм широк агол, 24,1MP фотографии, 7,5см/3" LCD, EVF, GPS

  • Снимање со многу висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
  • Широкоаголен објектив за опфаќање на повеќе содржини во сликата
  • Подобрена стабилизација на слика до 13x

Забавувајте се споделувајќи ги вашите Full HD видео снимки

Овозможете им на сите во просторијата да уживаат во вашите специјални спомени. Оваа Full HD видео камера со високи перформанси содржи проектор кој овозможува проектирање на вашите видео снимки на најблиската површина. Ова е интелигентен и забавен начин за секој да ги сподели искуствата.

 

Најдобри Full HD слики

Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Режимот 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда за резултати со дополнителна јасност.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот Vario-Sonnar T* објектив од Carl Zeiss® се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на поголема површина на слика без потреба да се оддалечувате наназад.

Недоволна светлина - нема проблеми!

Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Фотографирајте како професионалец

Вие ја имате контролата за создавање прекрасни видео слики. Рачно прилагодувајте го фокусот, експозицијата и останатите поставувања за да ги усогласите со вашата креативна визија. Обликувајте ги кадрите со сигурност, со помош на електронскиот визир со врвни детали, дури и при силна сончева светлина.

Повеќе информации за HDR-PJ740VE

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста