Модел: 

HDR-PJ30VE

PJ30VE Full HD видео камера со флеш меморија

Full HD видео камера со врвен квалитет на слика и вграден проектор

До 13ч. Full HD на меморијата од 32GB, 12x оптички зум, 7.1MP фотографии, LCD екран од 7,5см/3", проектор, iAUTO

  • Снимање со многу висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
  • Проектирајте ги вашите видео снимки на секоја соодветна површина
  • Широкоаголен објектив за опфаќање на повеќе содржини во сликата

Забавувајте се споделувајќи ги вашите Full HD видео снимки

Овозможете им на сите во просторијата да уживаат во вашите специјални спомени. Оваа компактна, практична Full HD видео камера содржи проектор кој овозможува проектирање на вашите видео снимки на најблиската површина. Ова е нов, интелигентен и забавен начин за секој да ги сподели искуствата.

 

Најдобри Full HD слики

Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Новиот режим 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда за резултати со дополнителна јасност.

Проектирајте ги вашите слики насекаде

Понекогаш сакате сите да ги видат вашите видео спомени, но во просторијата нема телевизор на кој може да се поврзете. Сега Handycam® овозможува проектирање на остри, детални видео записи директно на рамните површини околу вас - од ѕидови и тавани па сè до маичката на вашиот пријател.

Извонреден звук

Нели вашите видео записи заслужуваат подобар звук? Прецизната структура на микрофони снима 5.1-канален опкружувачки звук со поголема чувствителност и намален шум од ветер. Стерео звучниците и S-Master технологијата обезбедуваат чист звук за време на репродукцијата преку вашата видео камера.

Недоволна светлина - нема проблеми!

Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот G објектив од Sony се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на поголема површина на слика без потреба да се оддалечувате наназад.

Повеќе информации за HDR-PJ30VE

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста