HDR-PJ260VE
PJ260VE Full HD видео камера со флеш меморија
Практична Full HD видео камера со моќен зум и вграден проектор
До 5ч. Full HD на меморијата од 16GB, 30x оптички зум, 8,9MP фотографии, LCD екран од 7,5см/3", проектор, iAUTO
- Снимање со висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
- Моќен зум кој ќе ве приближи до случувањата
- Проектирајте ги вашите видео снимки на секоја соодветна површина
Full HD снимање со многу едноставни функции
"Уживајте во Full HD снимање до 5 часа на внатрешна меморија од 16GB и повеќе на изборна мемориска картичка. Лесна и практична за носење, таа располага со интелигентни и едноставни функции за снимање, споделување и уживање на остри HD видео снимки и фотографии. "

Најдобри Full HD слики
Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Режимот 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда за резултати со дополнителна јасност.

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни слики
Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при фотографирање без статив. Оптичкиот SteadyShot активен режим обезбедува "3-начинска" корекција на тресењето на фото апаратот при целиот опсег на зумирање, дури и кога пешачите.

Недоволна светлина - нема проблеми!
Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Проектирајте ги вашите слики насекаде
Понекогаш сакате сите да ги видат вашите видео спомени, но во просторијата нема телевизор на кој може да се поврзете. Сега Handycam® овозможува проектирање на остри, детални видео записи директно на рамните површини околу вас - од ѕидови и тавани па сè до маичката на вашиот пријател.






