HDR-PJ200E
PJ200E Full HD видео камера со флеш меморија
Практична Full HD видео камера со моќен зум и вграден проектор
Снимање Full HD на мемориска картичка, 25x оптички зум, 5,3MP фотографии, LCD екран на допир од 6,7см/2,7", проектор, iAUTO
- Снимање со висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
- Моќен зум кој ќе ве приближи до случувањата
- Проектирајте ги вашите видео снимки на секоја соодветна површина
Full HD снимање со многу едноставни функции
Снимање на блескаво Full HD видео на изборна мемориска картичка. Лесна и практична за носење, таа располага со интелигентни и едноставни функции за снимање, споделување и уживање на остри HD видео снимки и фотографии.

Толку лесна и практична за носење
Снимајте неверојатно детални Full HD видео снимки - со лесна и компактна видео камера која е извонредно лесна за да ја носите насекаде со вас.

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни слики
Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при фотографирање без статив. Активниот режим SteadyShot нуди подобрена корекција на тресењето на фото апаратот при целиот опсег на зумирање, дури и кога пешачите.

Недоволна светлина - нема проблеми!
Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Проектирајте ги вашите слики насекаде
Понекогаш сакате сите да ги видат вашите видео спомени, но во просторијата нема телевизор на кој може да се поврзете. Сега Handycam® овозможува проектирање на остри, детални видео записи директно на рамните површини околу вас - од ѕидови и тавани па сè до маичката на вашиот пријател.

Вграден USB кабел
Патувајте лесно без потреба да носите AC адаптер или дополнителни кабли. Вградениот USB кабел уредно се сместува во лентата за околу рака. Користете го за префрлување на видео снимки и фотографии на вашиот PC, додека ја полните батеријата на видео камерата.






