HDR-CX730E
CX730E Full HD видео камера со флеш меморија
Full HD видео камера со исклучителен квалитет на сликата и креативна контрола
Снимање Full HD на мемориска картичка, 10x оптички зум/26мм широк агол, 24,1MP фотографии, 7,5см/3" LCD, EVF
- Снимање со многу висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
- Широкоаголен објектив за опфаќање на повеќе содржини во сликата
- Подобрена стабилизација на слика до 13x
Најфина Full HD слика
Снимање на блескаво Full HD видео на изборна мемориска картичка. Напредни оптички технологии и кориснички функции за снимање на прекрасни видео записи и фотографии со врвни детали и целосна креативна контрола.

Најдобри Full HD слики
Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Режимот 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда за резултати со дополнителна јасност.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот Vario-Sonnar T* објектив од Carl Zeiss® се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на поголема површина на слика без потреба да се оддалечувате наназад.

Недоволна светлина - нема проблеми!
Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Фотографирајте како професионалец
Вие ја имате контролата за создавање прекрасни видео слики. Рачно прилагодувајте го фокусот, експозицијата и останатите поставувања за да ги усогласите со вашата креативна визија. Обликувајте ги кадрите со сигурност, со помош на електронскиот визир со врвни детали, дури и при силна сончева светлина.






