HDR-CX560VE
CX560VE Full HD видео камера со флеш меморија
Full HD видео камера со исклучителен квалитет на сликата и креативна контрола
До 26ч. Full HD на меморијата од 64GB, широкоаголен објектив, 10x оптички зум, 12.3MP фотографии, LCD екран од 7,5см/3"
- Снимање со многу висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
- Широкоаголен објектив за опфаќање на повеќе содржини во сликата
- Целосна опременост со перформанси од највисока класа
Досега најфините Full HD слики
Почувствувајте ги неверојатните перформанси на сликата, со до 26 ч. Full HD снимање на внатрешната меморија од 64GB и повеќе на изборна мемориска картичка. Напредни оптички технологии и кориснички функции за снимање на видео записи и фотографии со врвни детали и целосна креативна контрола.

Најдобри Full HD слики
Преминете на најрамномерните и најдеталните видео слики кои досега сте ги виделе кај некоја видео камера. Новиот режим 1920x1080/50p снима со многу висока стапка на слики во прогресивен режим, доловувајќи 50 Full HD слики во секунда за резултати со дополнителна јасност.

Внесете повеќе содржини во секоја сцена
Бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот G објектив од Sony се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на поголема површина на слика без потреба да се оддалечувате наназад.

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни слики
Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при фотографирање без статив. Новиот оптички SteadyShot активен режим обезбедува најдобра "3-начинска" корекција на тресењето на фото апаратот при целиот опсег на зумирање, дури и кога пешачите.

Недоволна светлина - нема проблеми!
Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна зрнеста слика. Исклучително чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор ќе добиете одлични резултати во затемнети ентериери или во самрак.

Извонреден звук
Нели вашите видео записи заслужуваат подобар звук? Прецизната структура на микрофони снима 5.1-канален опкружувачки звук со поголема чувствителност и намален шум од ветер. Стерео звучниците и S-Master технологијата обезбедуваат чист звук за време на репродукцијата преку вашата видео камера.




