Модел: 

HDR-CX305E

CX305 Full HD видео камера со флеш меморија

Извонредна Full HD слика со напредна технологија и интелигентни функции

До 6.5ч Full HD на вн. меморија од 16GB, широкоаголен објектив, 12x опт. зум, 7MP фотогр., 6.7см LCD

  • Снимање со многу висок квалитет при слаба осветленост со Exmor R™
  • Широкоаголен објектив за опфаќање на повеќе содржини во сликата
  • Помалку тресење на камерата дури и кога пешачите

Full HD слики со врвен квалитет

Почувствувајте ги неверојатните перформанси на сликата, со до 6,5 часа Full HD снимање на внатрешната меморија од 16GB и повеќе на опционална мемориска картичка. Прекрасен дизајн со напредни оптички технологии и интелигентни функции за снимање на прекрасни видео записи и фотографии со врвни детали.

 

Недоволна светлина - нема проблеми!

Многу видео камери имаат потешкотии при слаба осветленост, прикажувајќи нејасна "зрнеста" слика. Чувствителниот Exmor R™ CMOS сензор го намалува шумот на сликата за добивање на појасна слика. Во комбинација со моќниот BIONZ процесор вие ќе добиете одлични резултати при слаба светлина, затемнети ентериери или во самрак.

Дознајте повеќе за Exmor R™ CMOS сензорот

Внесете повеќе содржини во секоја сцена

Сега може да бидете сигурни дека никој нема да биде изоставен од сликите на забавите, родендените и другите посебни настани. Висококвалитетниот G објектив во Handycam® камерата од Sony сега се одликува со подобрени широкоаголни перформанси, кои му овозможуваат снимање на 2x поголема површина на слика отколку претходните модели.

Дознајте повеќе за широкоаголните објективи

Пешачење. Зумирање. Стабилност: Уште постабилни слики

Заматеноста на сликата е едeн од најчестите проблеми при снимањето без статив. Новиот оптички SteadyShot активен режим обезбедува најдобра "3-начинска" корекција на тресењето на фото апаратот при целиот опсег на зумирање, дури и кога пешачите. При широкоаголно снимање, вие ќе добиете до десет пати подобри перформанси во однос на тресењето.

Дознајте повеќе за новиот OSS активен режим

Побрз и попрецизен автоматски фокус

AF перформансите сега се 2x побрзи отколку кај претходните модели за добивање брз, остар фокус - дури и кога снимате при мала осветленост.

Доловете го моментот

Новиот голф удар автоматски снима брза серија на слики. Тоа е одличен начин да го подобрите вашиот замав… или да ги замрзнете деталите во каква било динамична сцена.

Повеќе информации за HDR-CX305E

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други Sony сајтови

© 2010 Sony Central and Southeast Europe Kft.   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста