HDR-CX105E
CX105 Full HD видео камера со флеш меморија
Мала тежина и компактни димензии, со одличен квалитет на видео и фотографии
До 3ч. Full HD на внатрешна меморија од 8GB, 10x оптички зум
Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.
- Снима чисти HD снимки и фотографии
- Без касети, без дискови
- Забавна, практична и едноставна за користење
HD квалитетот сега е реалност за секого
Многу мала тежина, компактни димензии и едноставно користење, со одличен квалитет на видео и фотографии. Full HD снимање на внатрешна меморија од 8GB и дополнително време на снимање со опционален Memory Stick™.

Мали и лесни за врвна преносливост
Благодарение на компактните димензии и малата тежина вие ќе можете да ја сместите видео камерата во вашиот џеб или торба: така ќе можете насекаде да ја носите со вас.

Природен изглед на лицата при секој обид
Лицата може да изгледаат затемнето и со недоволна експозиција во ситуациите со силно задно осветлување, како кај сцените на плажа. Исто така, кога снимате во затворени простории постои ризик тонот на кожата да добие неприродна боја. Видео камерата врши фино пролагодување на фокусот, експозицијата и тонот на кожата за добивање на природен изглед на лицата.

Снимете ја секоја насмевка
Зарем не би било убаво покрај себе да имате фотограф кој би ги снимал само насмеаните лица додека вие снимате видео на некоја забава или друг специјален настан? Блендата со функција за насмевки врши автоматско снимање на фотографии секогаш кога некое лице ќе се насмевне, без да се прекинува снимањето на видео.

Секогаш подготвени
На сите ни е позната фрустрацијата при подготовката на видео камерата кога ќе се случи некој редок настан… Магичните моменти обично ги пропуштаме. Само отворете го LCD екранот и за дел од секундата вие ќе бидете подготвени за снимање. Трошењето на батеријата во режим на подготвеност е извонредно мало, така што вие секогаш ќе бидете подготвени да ги снимите посебните моменти.

Повеќе забава со вашата видео збирка
Организирањето на вашите видео снимки и фотографии е едноставно со помош на Picture Motion Browser софтверот за PC, кој бесплатно се испорачува со видео камерите. Подредувајте и пребарувајте ги вашите видео записи и фотографии за неверојатно брзо време. Со само неколку кликнувања вие ќе можете да ги снимите содржините на диск, да ги испратите преку e-mail до пријателите или да ги преснимите на веб-сајтовите за споделување.




