RDP-CA1
RDP-CA1 Пренослив звучник
Јасен и моќен звук од 360 степени кој се прикачува на вашата Handycam®
- Овозможете им на сите да слушаат јасен и богат звук
- За моделите на Handycam® со активен приклучок
- Не се потребни батерии

Вашиот пренослив кино звук
Внесете реалистичност во вашиот материјал снимен со Handycam® со помош на звукот со јасни детали кој има поголема моќ отколку вградениот звучник во вашата видео камера. Ќе можете да уживате во рамномерни средни и високи звуци, како и зголемен бас за дополнителна јачина.

Одличен звук насекаде
Технологијата за кружен звук на Sony користи уникатен дифузер кој испорачува јасен звук во сите насоки. На тој начин, сите во просторијата ќе можат да уживаат во претставата, без чудни места во кои не се слуша звукот.

Не се потребни батерии
Не грижете се за носење на дополнителни батерии. Звучникот директно се напојува од активниот приклучок на вашата видео камера. Поврзувањето на звукот се врши преку еден кабел.




