ПРЕТХОДЕН МОДЕЛ Модел: 

DPP-FP97

FP97 Дигитален фото печатар

Напреден, комплетно опремен фото печатар со голем 3.5-инчен LCD екран. Брзо печатење без потреба од PC, со извонреден квалитет на сликата. Функции за автоматска доработка и забавно и креативно печатење

Овој производ е претходен модел и можеби повеќе не е на располагање кај вашиот локален продавач.

Достапен на:

Брзо печатење и врвни функции

Компактен стилски фото печатар со извонреден квалитет на сликата. Извлечете повеќе од омилените фотографии со напредната корекција на сликите и функциите за креативно печатење.

 

Снимки со прекрасни очи

Блицот на вашиот фото апарат може да предизвика појава на ‘црвени очи’, чест проблем кој може да ги упропасти снимките со пријателите и семејството. Автоматската доработка врши корекција на црвените очи со едно притиснување на копче, за добивање на портрети со природен изглед.

Совршена експозиција

Навистина е штета кога важните фотографии се премногу темни… или пак премногу светли. Со корекцијата на експозицијата се осветлуваат или затемнуваат вашите снимки за добивање на поприроден изглед. Постапката е целосно автоматизирана – и многу полесна во однос на компјутерскиот софтвер за уредување на слики.

Лично прилагодување за посебни прилики

Ослободете ја вашата имагинација со широкиот избор на креативни опции за печатење. Лесно ќе можете да создавате персонализирани разгледници, албуми, рамки, покани и друго од вашите омилени слики. Можете ли да замислите нешто толку индивидуално?

За добивање на прекрасни лица

Додадете дополнителен сјај на вашите омилени портрети. Функцијата за откривање лице ги препознава сцените со возрасни или деца, вршејќи фино прилагодување на експозицијата за добивање на јасни и осветлени лица со природен избалансиран тон на кожата.

Добијте навистина голема слика

Внесете нова димензија во уживањето со вашите омилени фотографии. Поврзете се на вашиот HD телевизор и уживајте во вашата збирка слики на големиот екран, со неверојатни детали и прекрасни богати бои.

Повеќе информации за DPP-FP97

My Sony

My Sony:

 
 
 

Новости

Други веб-сајтови

© 2012 Sony Europe Limited   |  Одредби и услови за користење на веб-сајтот   |  Изјава за приватноста