DLC-HD50HF
Рамен HDMI™ кабел со голема брзина и должина од 5 метри. Извонредната флексибилност го прави овој кабел да биде идеален за ситуации кога нема доволно простор. Одличен за "Full HD" (1080p) Blu-ray филмови и PlayStation® 3 игри. Сертификат за HDMI™ 1.3a категорија 2.
ОсобиниDLC-HD50HF
- Рамниот кабел е флексибилен но сепак издржлив, што го прави да биде одличен избор за поврзување на LCD телевизор или проектор поставен на ѕид со вашиот Blu-ray Disc™ плеер или PLAYSTATION®3
- Официјален сертификат за исполнување на стандардот HDMI® 1.3a категорија 2 со голема брзина
- 24K позлатени приклучоци кои се отпорни на корозија и долготрајни
- Кабелот со извонредна чистота – 99.996% бакар без кислород (OFC) го намалува изобличувањето на сигналите
- High-definition дигитално видео со резолуција до 1080p "Full HD" и повеќеканално дигитално аудио за добивање на опкружувачки звук (Dolby Digital, DTS)
- Тестиран за компатибилност со BRAVIA Theatre Sync, PLAYSTATION®3, Blu-ray, x.y.Colour
- Напон: 5,0V
Ве молиме имајте во предвид дека нашата галантерија е специфична за секој модел и спецификациите може да бидат различни во зависност од земјата.




