-
НА ПОЧЕТОК
-
- > Фото апарати и видео камери
- > bloggie™ фото апарати
- > P серија
- > MHS-PM5
- > P серија
- > bloggie™ фото апарати
- > Фото апарати и видео камери
-
MHS-PM5
bloggie™ PM5 Mobile HD Snap фото апарат
Преснимете го вашиот живот на интернет во HD
5MP фотографии, 1920x1080 Full HD видео, вртлив објектив, USB и софтвер за споделување, LCD од 6.1см
- Забавно снимање на Full HD видео и фотографии
- Брзо и едноставно преснимување на интернет со вградениот USB приклучок
- Вртлив објектив за снимање со слободен агол
Забавувајте се споделувајќи го животот во Full HD
Не е важно каде се наоѓате и што правите. Снимете ги сите неверојатни доживувања додека се случуваат и споделете ги преку интернет со само неколку кликнувања. Снимајте остри и детални фотографии и извонредни 1080HD видео записи. Сосема е едноставно… и многу забавно
Снимајте го животот во HD
Едноставно насочете и снимајте Full HD 1080/30p видео со притиснување на копче на вашиот bloggie™. Снимајте ги забавните моменти од животот во High Definition со неверојатни детали.
Снимајте од секаков агол
Забавно е да снимате слики или видео записи од вас. Но, не може да видите што има на екранот кога го држите фото апаратот со испружена рака. Вртливиот објектив ротира 270 степени, овозможувајќи ви комфорно да ги обликувате кадрите од кој било агол.
Слики со кои ќе се гордеете
Не дозволувајте да ве залаже неговиот забавен и современ изглед. bloggie™ се одликува со корисни функции кои ќе ви помогнат да добиете подобри слики. SteadyShot го намалува тресењето на апаратот при рачното фотографирање, додека функцијата за откривање на лице фино го прилагодува поставувањето на фото апаратот за добивање јасни, привлечни портрети.
Вашиот живот. преснимен на интернет
Тоа е едноставен начин за ажурирање на вашиот блог или за огласување на веб-сајтовите за споделување додека патувате. Едноставно насочете и снимајте: потоа поврзете го bloggie™ на кој било PC или Mac® и преснимете ги забавните и спонтани моменти од животот користејќи го вградениот PMB Portable софтвер.
Директно поврзување
Кој сака да бара слободен USB кабел секогаш кога треба да преснимите неколку видео записи во интернет клубот? bloggie™ директно се поврзува со вашиот PC или Mac® преку вградениот USB приклучок кој се собира во камерата кога не се користи.




