Македонија (Промена) | Професионални производи

 

Напис за производ

Малите нешта кои прават голема разлика

Изедначете ги излезниот и влезниот сигнал со помош на Sony каблите

Кога веќе вложивте средства за набавка на најдобрата опрема за домашна забава, секако дека би сакале да го извлечете максимумот од неа. Изборот на AV кабли за вашиот систем можеби не е многу привлечна активност, но резултатите ќе ги почувствувате.

 

Погледнете и слушнете ги разликите

Врвните AV кабли овозможуваат добивање на појасна слика и почист звук. Врвните AV кабли овозможуваат добивање на појасна слика и почист звук.

Кои се карактеристиките на добрите кабли?

Направивте истражување на интернет. Ги прочитавте сите магазини со најсовремената опрема. Направивте одличен избор при купувањето и станавте сопственик на извонреден систем за домашно кино.

Сега очекувате да добиете врвно доживување.

Без разлика дали станува збор за BRAVIA телевизор, PLAYSTATION®3, Blu-ray Disc™ или DVD плеер, перформансите на вашата опрема ќе бидат ограничени со квалитетот на каблите за поврзување.

Висококвалитетните AV кабли овозможуваат добивање на појасна слика и почист звук. Тие можат едноставно да се постават и да се прикријат; се одликуваат со врвен стил и долготрајност.

Но ова не се единствените причини за да инвестирате во квалитетни кабли.

Врвните компоненти гарантираат најдобар квалитет на звукот и сликата Врвните компоненти гарантираат најдобар квалитет на звукот и сликата

Разбирање на техничката суштина

Токму како што квалитетот на компонентите во вашиот телевизор, конзола за игри, DVD или BD плеер имаат влијание врз квалитетот на звукот и сликата, истото важи и за каблите за поврзување.

Кај каблите важат истите принципи за изработка и дизајн како и кај самата опрема.

Тука значајни се повеќе фактори, вклучувајќи ја и чистината на бакарната жица која се користи во кабелот, како и типот, дизајнот и квалитетот на изработка на приклучокот.

Дури и надворешната обвивка има значење. Вистинскиот материјал може да ја намали интерференцијата од другите електрични извори и има огромно влијание врз квалитетот на звукот кој се репродуцира.

Едноставно, најдобрите компоненти овозможуваат најдобри резултати.

Нашите врвни AV кабли ги поседуваат сите горенаведени предности. Благодарение на чистината од 99.996% на бакарот без кислород и 24k позлатените приклучоци, тие овозможуваат беспрекорен пренос на сигналите.

А заради инертноста на златото на собна температура, тие исто така се одликуваат со голема долготрајност без појава на корозија.

Изберете ги вистинските кабли

Не е толку сложено како што мислите

Најважно од сè е да го пронајдете вистинскиот кабел за вашиот систем и да ги извлечете максималните перформанси од него.

Ви нудиме еден корисен совет кој треба да го применувате при изборот на AV кабли за вашиот систем за домашна забава.

Експертите велат дека најмалку 15 проценти од севкупниот буџет треба да се издвои за набавка на вистинските кабли. Со овие кабли вие секако ќе ја почувствувате разликата кај сликата и звукот на вашите уреди.

Како прво, побарајте кабли од бакар без кислород (OFC) . Со текот на времето, каблите кои не се OFC ќе оксидираат при што ќе се зголеми нивната отпорност во однос на електричната струја. Ова значи дека на крајниот уред нема да стигне комплетниот влезен сигнал. Како резултат ќе се намали квалитетот на сликата и звукот.

Каблите со добар квалитет исто така содржат и заштита. Станува збор за фолија или плетена обвивка околу внатрешното јадро на кабелот. Таа врши заштита од слабите сигнали, како оние од соседните кабли за напојување, при што се избегнува интерференцијата.

Позлатените приклучоци исто така претставуваат предност, спречувајќи ја корозијата помеѓу кабелот и приклучокот, и овозможувајќи оптимален пренос на сигналите.

Извлечете максимум од вашето домашно кино

Изборот на каблите можеби не ви се чини подеднакво важен како и самото инвестирање во системот за домашно кино.

Но со текот на користењето и надградувањето на вашиот систем, сегашната набавка на кабли кои ќе го издржат тестот на времето ќе ви заштеди време и пари. Освен тоа ќе можете да го почувствувате и вистинскиот потенцијал на вашата опрема.

Со помош на сите овие информации, сега ќе можете да направите подобар избор за вашите кабли.

Но немојте тукутака да ни верувате на кажаното. Зошто да не им препуштите на вашите очи и уши да ја донесат конечната одлука, уверувајќи ве во разликата.

Исклучителниот квалитет на сликата и звукот доволно зборува сам за себе.

Дознајте повеќе за нашата палета на висококвалитетни кабли